Хм ..... Јас би со црни класични штикли(може и шпиц), и црна плик ташничка, ланче никако, обетки или црни, помалечки до средна големина, или некои обетки слични на фустанов , има избор нешто баш на ова.
се вљубив во фустанот 1.со крем салонки и крем плик 2.со црни салонки, црни хулахопки и црн плик,како што ти објасниле додека јас да пишам 3.евентуално бела хупахопка, црна салонка и лилав(освен сиви нели имаш нешто розе-лилави светки,епа таква боја) плик ии друго незнам накит избегнувај,како и светкава шминка,со повеќе светки и бои би била туу мач (како елка да не речам )
Е вака сеа имам едно фустанче ваква боја е ко буквите исто надолу е малку широко а од стомакот нагоре кај градите е тесно и кај градите на тој дел има нешто како циркони што светкаат. Планирам тоа да го носам на свадба и плус да си купам розеви балетанки вакви како буквите и розеви обетки. Ќе биде ли добро? Да не е премногу детско? Инаку имам 16 години.
јас би искомбинирала со друга боја балетанки или штикли на пример крем боја (еве ти слики) и светкава ташничка како цирконите горе или пак крем и шибај
Moже е глупаво прашањето и не е за овде, знам, знам, ама дали постои некој начин за стеснување на облека, преструкирање, стеснување на ракави, кај кројач или...? За кошула прашувам. Имам една ваква ама е два броја поширока, и мислам дека е глупаво да ја носам , барем да беше еден број, баш два се погоди.
Секако дека можеш да ја стесниш. И јас исто така имав кошула поголема за два броја и мајка ми ја стесни.
Секако дека мојт да се стеснит..не е којзнајт колку тешко,секој кој имат барем малце појма од шиење и кроење мојт да ти ја средит... имам и јас стеснувано кошулки и ич не се познаваат
Девојки викендов сум на забава и сум во дилема. Имам нова бела кошула и мислам да ја искомбинирам со црни хеланки и црни салонки Што мислите вие ?
Значи со хеланки не не не и не,те молам апел до сите што носат хеланки како пантолони дај те ви се молам значи настрана тоа што изгледаат ефтино и глупо изгледаат вулгарно и не соодветно,посебно не за забава,јас на твое место би носела или фармерки или кожни црни пантолони хеланки значи никако...
Девојки,ми треба малце поелегантен стајлинг,за настап,водителски. Сакам нешто ефтино да е прилично,зошто несакам да фрлам пари кога веќе нема да го облечам тоа,преферирам кежуал гардероба и сите кошулки ми се кежуал. Се мислев за кошулкава,ја гледам доста ефтинка е и да ја искомбинирам со тесни црни обични фармерки? За обувки,црни салонки најубаво ќе стојат,ама несакам штикли да носам?Со што да искомбинирам,и добра ли е комбинацијава за водителка?
Ми се допаѓа комбинацијата со црни панталони и кошулата, би изгледало убаво со штикли но ако веќе не сакаш да носиш стави си црни балетанки