Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Феминки ајде сега мала помош.
    Си купив едни штиклички бледо розевки на мала штикла.
    Еве вакви се [​IMG] [​IMG] (без тоа што е како рецка напред).
    Ме интересира со што можам да ги искомбинирам? Имам само една мајчка во ваква боја и марамка со шнола ваква нијанса со цветчиња. Што мислите вие? Ајде предлози :)
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Според мене со црно...со се што имаш ама црно ....и да си купиш накит впечатлив во оваа боја...некои бисери со ваков сјај, како и да што повпечатливо...инаку е многу убава бојава, ама тешка за комбинирање...евентуално и со кафеаво, тегет пробај исто....со светли бои немој...ќе се изгубат... :)
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Штиклите се таква боја да можеш на речиси се да ги комбинираш, односно на сите светли, пастелни бои.
    Можеш со кремаста боја, праскеста, нежно виолетова, шампањ, бела, па и на цветен дезен.
    Значи на футанчиња, на сукњи, на фармерки....можеш на се да ги комбинираш.

    Ако ги носиш со фармерки, гледај фармерките да се светол џинс, никако црни или темни тегет. Јас би ти препорачала да си купиш и ташничка во ваква боја, или пак тенко каивче, за да имаш повеќе опции при комбинирање.
    :)


    Едит: енца ме престгина. Не ни се поклопуваат мислењата... јас никогаш не би ги комбинирала со црно. :|
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Тотално спротивно.... :lol: јас поинаку ги замислив...., ама сега кога те исчитав можеби и во право си...мене прво ми дојде некое црно уз тело фустанче со црна хулахопка, тие и некои убав накит со таква боја...
    Како и да е...според ова со се и оди....ќе ги износи, тоа е сигурно :rofl:
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас па мислев со црно да ги искомбинирам |( со светли бои нема да се примети толку нијансата
    Ај ќе се сликнам деновиве па ќе постирам да видите како излегло.
    Фала во секој случај.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа идејата на Енца, со тесен црн фустан, бисери и чантичка во ваква боја. Многу елегантно! ;)
    Но ако сакаш малку по кежуал, мислам да комбинираш со крем, може и потемна кремаста за да дојдат до израз. Пр.крем сукња со висок струк, кошулка и чевлите.

    Ајде комбинирај, пробувај, па сликни се да те видиме :)
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓаат предлозите за косата, ќе пробам нешто од ова ;) Фала на сите :)
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.339
    Пол:
    Женски
    Значи, имам слични такви панталончиња, само моите се потесни долу не се така ко виснати,имаат џебови и мали набори напред (доаѓаат баш под каишот), но се кремаста боја и се довумам дали да ги облечам сега овој период, да не е малце прерано за посветлите нијанси или.. :?:
    еве од прилика ваква нијанса на крем се, а имам супер комбинација за нив со бело кошулче и болеро.
    [​IMG]
     
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Со што е поубаво да го комбинирам ова ? Со панталони или со сукња ? :?:
    (друго што планирам да носам е кафеав ѓердан и кафеави чевли )
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 3546.jpg
      Picture 3546.jpg
      Големина на фајлот:
      52,3 KB
      Прегледи:
      176
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Со црни панталони ќе ти е поубаво :) само незнам како гердан би стоело :?:
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    ^^Фармерче со елечево ;) темен тексаа. Горе носи го со кошулка или ролка, но никако не додавај ланче поради копчињата :)
     
  12. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Дали имате некоја идеја како би искомбинирала ваква суќна ,слична на оваа од сликата,само од поинаков материјал? :)
    нешто како материјалот од кој се изработени чаршафите :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

  13. techno-house

    techno-house Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Со фармерки, немој ѓердан.
     
  14. techno-house

    techno-house Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Овака нешто... знам дека не е иста сукњата, барав таква или некоја приближно слична но овоа е единственото нешто што го најдов... мислам дека ќе ти помогне :)
     

    Прикачени фајлови:

    • jhddgjh.JPG
      jhddgjh.JPG
      Големина на фајлот:
      29,2 KB
      Прегледи:
      318
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ЈАс елечево би го носела на бела кошула, а доле тесни фармерки :)
     
  16. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Mммм феминки ајде едно прашање, лен-кошулка и ситен сомот матријал-сукња може да ги ставам некако во комбинација ? Вака не ми оди, едниот е летен другиот зимски па заради тоа се мислам :?:
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Уф, вака гледано од материјалите само, не можам никако да замислам комбинација.
    Многу зависи од самото парче облека, какво е, кројот, бојата... Ако можеш некако да ги сликнеш па да видиме, зошто вака стварно тешко..
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пробај да ја искомбинираш ленената кошулка со фармерчиња, мислам дека со сукњата нема баш да се усогласат. Некако уште од прв впечаток ми се многу спротивни материјали ;)
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Многу значи како ќе се искомбинира.
    Јас имам плишана црна сукња, која ја носев со тенка ленена 3/4 кошула, со ластик над колковите.
    И иако се различни и плишот е зимски материјал добро одговараа.
    Ама затоа со друга тенка кошула не одговараше сукњата.
    Така да зависи од каква е сукњата и посебно дали е дебелиот сомот или тенкиот кој е некако полесен за комбинирање. А и каква е кошулата. Се надевам е кратка, зашто подолга ленена не оди на сукња.

    Откако ќе пробаш ќе знаеш дали одговара или не, многу работи вака на изглед супер одговараат а кога ќе пробаш катастрофа, а секако и обратно нешто што мислиш дека не оди супер одговара.
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Мене искрено ленот и сомотот ми се неспојлива комбинација :^)
     
    На techno-house му/ѝ се допаѓа ова.