Како поточно ако можеш да ми објасниш? Дома немам никој што е по шиење, кроење, имам некои тетки ама не сум ги прашала. На домашна машина некој што се разбира ќе може да ми ја среди? За откопчана знам да ја носам, ама и така не ми се допаѓа, ракавите ми се гледаат прешироки.
Ке се обидам да ти објаснам како мене една стрина ми ја стесни.. Ја откопча кошулата,ја преврте наопаки,значит порабеното да се гледа.. Ги намести ракавите да се еднакви и до местото кај што е порабено еднаш,еден прст до него го пораби уште еднас,значит по истата линија само еден прст навнатре..и по таа линија си идеше нагоре до кај половината и крај.. истото и на другата страна.. само нека пазит да е еднакво порабено,да не испаднит едната страна потесна ок?? се надевам помогнав Чекаме одговор и од други феминки
Само што си купив вакви хеланки - (не баш исти, знакчињата се малку помали и видов превртени се ) затоа што мнооогу ми се допаднаа, а не размислив воопшто за тоа како да ги комбинирам Мислам имам идеја за со некоја црна блуза или нешто по обично, за да дојдат тие до израз, ама ништо конкретно И не ме напаѓајте, знам дека хеланки не се панталони, ама планирам да носам подолга блуза.. А и ептен ми е глупаво ова "правило", океј сфаќам зошто е ама ако не носиме сега хеланки (тинејџерски години) тогаш кога?? Стварно ми е нејасно, кога смееме да носиме хеланки?? Ако се носат под суќна, сите ќе викаат неубаво изгледа, ако се носат така како пантолони, пак исто.. Дај нека ми појасни некој
Не мора да е подолго, незнам шо има врска ако не е ко туника. Можеш да ги искомбинираш со жолта маица, без многу шари. Или пак црна. Можеш и со рамбовка а и со обична маичка да ги носиш.. Можеш и со зелена или сина маичка. Ќе има одговара тоа.. За обувки, незнам ич. П.С. Тоа што го велат: "тинејџерките да не носат хеланки", епа кој да ги носи? Жени од 40 год. Хеланки се носи од 2 до 27-8, според мене. Без навреди, но кога ќе ја видам сосетката во хеланки од ќерка ѝ, ми се повраќа. Жена од 45 год. на себе натегнала тесно, демек бара маж за една ноќ. Ај доста со хејтањето на хеланките и децата.
Се согласувам со коментарот над мене. Можеш со рамбовка, со обична маичка, со жолта или црна блуза .. инаку си требала да размислиш пред да ги купиш. Јас кО ми се допадне нешто пред да го купам размислам дали има со што да го носам пред да лупнам пари. Ако нема што ќе ми е. Инаку ако немаш со што да ја облечеш купи си барем една црна маица со нешто жолто нека има на неа ќе ти одговара. Па сигурно нема ти секој ден да ги носиш баш тие хеланки сигурно имаш и други фармерки или хеланки. Сигурно ќе ги облечеш еднаш недлено така да и секогаш д аја носиш истата блуза со нив нема да се забележува. Инаку и јас имам една комшика така околу 40 години што на работа оди во хеланки, кошули, рамбовки .. се облекува како 20 да има.
lightning123 - за кратки блузи имав размислувано, ама за рамбовки воопшто не ми текна, баш убаво ќе изгледа, фала Јас незнам дали велат така и за тинејџерките, ама еднаш имаше Rose96 комбинација во Модни критики каде што носеше хеланки и сите за тоа и викаа, а според мене предобро и стоеја Така да веројатно за сите викаат, без разлика на возраста, ама јас не се откажувам од хеланките па и сто правила да има, најудобни ми се eloves - размислив малку, затоа си купив и една црна блуза на која има малку жолто, ама не одговараат баш многу Најверојатно ќе си купам црна рамбовка.. А за носење нема до толку да ги носам, во лето кога ќе одиме во паркот или на други прошетки, ама и онака не излегувам многу ---------------------------------------- А за тоа за жени околу 40 години што носат хеланки, јас искрено мислев дека тоа правило е поради нив смислено.. Ама често гледам и тинејџерки на кои убаво им стојат, па сепак добиваат негативни коментари.. Затоа и сакам некоја подолга блуза/рамбовка да си купам, барем малку да одбегнам чудни погледи или коментари
Јас дефинитивно овака би ги искомбинирала... Единствено што би сменила е кошулата, би облекла некоја полабава, не чипкана како оваа и би ја извадила надвор за да може повеќе да покрива
Замислувам една комбинација ,ама незнам како би одела. Црвена сукња со бели топчиња,некојаа бела кошулка или маица со тегет палтенце одозгора и тегет стартки. Е сега црвено,бело и тегет би одело ? Спојлер Отприлика вака нешто,само нормално сукњата пократка...
Сега измислија хеланки подебели и од самите панталони, што воопшто не се пуштаат во предниот дел и не оцртуваат, за такви хеланки стварно е малку без врска правилото. Ноо оние хеланки што повеќе личат на хулахопки дефинитивно треба да се забранат за било кој.
dushice - аха значи за тоа било Мене не ми ни падна тоа на памет, затоа што досега сите хеланки што сум ги имала се подебели и не оцртуваат, па така и овие..
Комбинацијата е супер.Ако не сакаш штикли,најдобро ке ти биде да си носиш некои слатки балетанки,во склоп со кошулката.
Според мене хеланки се носат само во спортски комбинации , значи за вежбање , за трчање итд. Е сега ако веке некој се реши да носи во некоја друга комбинација , мислам дека може добро да изгледа само ако се оние материјали не памучни туку они како лизгави и што се лепат за телото , и таквите добро стојат со некои широки маички , асиметрични , со интересен натпис итд.Или во зимски комбинации со тунки и чизмички , значи никако чевли или салонки и слично . Еве јас имам едни и ги носам со исклучиво поширочки и подолги блузички . Комбинација рамбовка и хеланка ми е само за вежбање а надвор од фитнес/аеробик/пилатес или што и да е мислам дека треба да ги носат само екстра згодни девојки на кои ништо не им се тресе и притоа се добро градени . Мислам да збориме реално за хеланка треба стварно добро да изгледаш за добро да ти стои во спротивно се изнгледавме на растечени задници во хеланки и се чудиме како имале храброст да го облечат тоа . И останувам на ставот дека и екстра згодните девојки со маица/рамбовка треба да ги носат кога одат на тренинг , за трчање , на некоја лежерна прошетка, а за со поширочка подолга маичка неам ништо против ако комбинацијата е интересна , иако ретко кој успеал во тоа Друго , мислам дека и на кошулка би можела да ги искомбинираш , може знаеш од оние од позади подолги напред пократки , така може да излезе баш штосна комбинација . Не дека сум толкав противник на хеланките , од хеланка од хеланка има разлика , ако е поцврст , пофин материјалот трпи и комбинации надвор од фитнес салите , ама притоа многу внимателно да се комбинира .
Мене па ептем ми е глупаво кога ќе видам жена во години стегната во тесни хеланки.Па и да не се тесни... За сите останати е дозволено Не, стварно. Тинејџерки ,девојки слободно би можеле да носат,иако кога ќе видам некој во хеланки кои се прозираат или ги оцртуваат ми се гади.
Доколку е муабетот за невкусно облечени полнички жени, искрено се шетаат и по претесни фармерки и тренерки. Во средно имав професорка што носеше лилакови сомотни панталони што ПРЕЕЕМНОГУУ ја оцртуваа и маички ( веројатно од ќерка и) со мики маус.
Девојки со што да ги искомбинирам вакви пантолони, освен со бела блуза, кошула со која друга боја би одговарале? Дневни комбинации.