Здраво. Итно ми треба помош. Со што можам да искомбинирам кожени хеланки (салонки, кошула). Фала однапред.
Би можела да се комбинира со црна, кафена боја но мене лично тоа ми е монотоно и очекувано...да ја имам јас оваа сукна би ја комбинирала со црвен топ пошто ми делува секси а за штикли може црни или црвени за чанта исто како за штиклите црна или црвена.Исто така одговара и со кремова боја некој убав кремов корсет со крем штикли многу добро би одговарало.(зборувам за комбинации за вечерно излегување)
Дали имате предлози фустанов со каков накит да го искомбинирам И на нозе ќе носам црвени чевли (шпиц) мислам како сега што се носа
Навистина незнам кај да прашам...па ај тука. Значи во мај сум на свадба и треба да си купам фустан.Несакам да се многу оптеретувам со тоа но кај мене реткост се свадбите па затоа баш сакам и на оваа свадба да се дотерам,освен тоа веднаш после свадбата имам и матура така да истиот фустан ке биде во ред.Нејсе,дали може да ми предложите нешто така младешки,за 13-годишно девојче?Значи да не биде нешто уз тело бидејќи сум буцкасто девојче. Благодарам однапред.
Ваков тип на фустанче мислам дека најдобро би ти стоело. Не мора црно да биде, било која боја со балетанки таман И можеш некое убаво ланче да си земеш и белегзија и топ ќе бидеш.
Денес без многу размислување импулсивно купив здолниште ваков модел, со ластик горе ептен бледа бебешко розева боја. Имате ли некој предлог за комбинации ?? Патем материјалот е нешто, хм, па не е жоржет ни полиестер, нешто чуден е, погоден за есен или пролет, ама многу убаво паѓа.
А мене ќе може некој да ми помогне Ми се наближува полуматурата..а јас..сеуште незнам што да носам..па ако можи некој да ми даде некоја идеа,како да се облечам..сакам нешто онака со моите години..имам 14..Некое така фустанче..бидејќи после полуматурата сум на свадба па да можам и таму да го носам.. Благодарам однапред
Иначе разгледај си во ГТЦ и Сити мол имаш многу слатки и едноставни фустанчиња, со нежен накит и балетанки ќе бидеш цутка Еве неколку комбинации од мене