Па да кратка е, со три четврт ракави, ама не оди баш во комбинација кога облеков, така да ќе ја искомбинирам со панталончиња некои. Фала ви
Женски ми треба ваша помош Имам едно сако, ми го донесоа за поклон, многу е убав моделот, стукиран, погоден ми е бројот ама проблемот е што е црвено. Јас немам црвена облека во плакар, а и избегнувам да ја комбинирам зашо може лесно да утнам. Не сакам да изгледам ко да работам на тротоар. Немам никаква идеја за црвенава моја, а гледам вие знаете добро да ја комбинирате....па ако можете да ми дадете некои идеи како би можела да го носам И да повторам пак, немам ништо дома црвено, ниту штикли, ниту маички....само лак за нокти
^^^ Со црно ми е мммммммм...комбинација, со бело исто...многу ја сакам бојава убаво искомбинирана со тегет, па и нешто бело да се вметне...екстра... Мој предлог... целата во црно, дали фустанче со црни хулахопки, одозгора сакото, или пантолони и црна кошула, црвено сако, накит на црвено, и еве за перфектна комбинација, едни црвени чевли ќе си купиш и 10 +..двете комбинации за 10 + .... а пробај и со тегет и бело
Па што ако само сакото ти е црвено? И уште поубаво, да дојде во преден план. Фармерки, црни панталони, сукња, и обична кошула или блуза во бела, црна, сива, крем, жолта, сина боја и сакото А еве ти некои добри идеи Уф гледајки ги комбинацииве, многу многу ама МНОГУ посакав црвено сако
Облечи си еднобојни неутрални панталони со обична блуза или маичка или и фустан и додади го сакото како едното парче што ќе ја освежи комбинацијата Јас така ги комбинирам еве Можеш со која сакаш било боја да го комбинираш дури и да не се сложуваат со црвената. Не се плаши од таа боја.
Пошто веќе доби идеи за комбинации (посебно ми се свиѓаат тие Роси што ги стави ),јас само ќе ти кажам никако ама НИКАКО да не го комбинираш со црвена маичка или црвени панталони
Gracias chicas Многу ми е тешка оваа црвенава, па подобро да си прашам од колку да се правам дека знам, и да утнам
Се согласувам со сите мислења погоре. Значи имаш добиено БИНГО подарок, сега имаш и БИНГО предлози за комбинации. Епа спремај се за многу комплименти
Јас сакам бои, шаренило, па сакам да носам црвен џемпер, жолто светла блуза и кафен каиш, часовник и чизми на фармерчиња. Да не е претерано со боиве Ама досадно ми е само со бело, сиво и црно да го комбинирам светло кафеното, сакам пролет и мноооооогу бои Вака нешто би дошло
Мене не ми е претерано , ипак се три бои во прашање и плус што се слични во тоновите... да си носиш ! Пролет иде , мора малце да се живне од зимското сивило
Може ли да се носи цветно фустанче во ова време или од оние што се од тенок материјал (јас ги викам завеса материјал ) или рано е уште. Низ бутициве секаде гледам се продаваат такви работи а мене некако усте ми е рано за нив, па што мислите?
Можеш да го искомбинираш со хулахопки во боја на некоја од боите застапени на фустанчето доколку епократко и со некое палтенце зошто да не може да се носи веќе е пролет за некој ден .поздравче
Роси не е многу...супер е...а на кој не му се допаѓа нека не гледа (ако воопшто може) За цветен дезен не е рано , ама за тој матерјал мислам дека е...
Вааа Роси што се мене тиче можеш уште некоја да додадеш Знаеш каква сум кога се во прашање боите ,дека обожавам да мешам Ама најбитно е да се знае како да се искомбинираат,а ти знаеш
Епа да ви кажам денес така петочки кежуал си бев на работа и добив коментар дека ни на крај памет не би им паднало црвено, жолто и кафено да комбинираат. Позитивни реакции у секој случај. Плус штом сестра ми, што ништо не и се допаѓа ми рече леле супер бои, значи супер е Иначе малку е рано за цветно такво фустанче, апла летни се. Јес да ако е по долги и подебелко може, ама за тенкото материјалче е рано. Рано е и за сандали како што вчера некој на фемина праша. Боси ножиња? Аууу брр не не. Бар уште 1 месец. Ако е 18 степени, ама ладно е, лаже времево и брзо се спушта температурата. А од 18 до 30 степени има голема разлика. Плус тенок материјал иде на сандалки или балетанки евентуално, а сеуште се носат чизмички сега во глобала, има чат пат и балетанчиња ама од понеделник може и официјално да се вадат од кутиите истите, само времето пролетно да не послужи. Има разлика од рано пролет до лето, да не се разголуваме прерано за да не одиме на доктор уште порано Јас си носам сандали и летни работи од мај месец
Јас малку касно видов за прашањето за комбинирањето бои. Инаку Роси, јас имам комбинирано црвено, жолто(ама вака жолто) и кафеаво. Лично, обожавам како жолтата се склопува со кафеавата, многу хармонично ми делуваат. Имам едно такво шарено фустанче, што го носев со кафеави чизми и каиш, а носев и црвена ташничка. Што е до мене, слободно мешам бои. Искрено, денес до тој степен има варијации на стилови што воопшто не е чудно или пак забрането да се мешаат бои, кои претходно ни на памет не ти дошле. Ако ништо друго ,денес имаме слобода во тоа што сакаме да носиме и како ќе го комбинираме. Еве неодмана, ми падна на памет да комбинирам сиво со портокалово. Сеуште не сум се облекала така, ама комбинацијата чека на ред, па кај и да е ќе ја прошетам. Ми ги крши сите стандарди во облекувањето, ама феноменално делува, вака визуелно. Што се тиче ципеле, рано е за сандала. мене ми е рано за балетанка, па камоли сандала. Најтешко ми е овој период, зошто не носам патики, директива сум од чизма во балетанка, па овој период е најшубе. Се може да се носи, а и не може. За периодов најпогодни до сега се покажале оксфордките, ниту патика, ниту чевла, ама супер се. Секако и патиките се супер, ама за тие што ги носат.
Имам едно фустанче, темно виолетова боја и не знам со каква друга боја да го комбинирам. Пробав со црно ама не ми одговараше и не знам дали со салонки или... Еве го фустанчето ама квалитетот на сликата е многу лош, морав со мобилен да сликам. Со што да го комбинирам и дали воопшто да го носам?
Виолетово можеш со кремасто ,со кафеаво,со сиво... во зависност какви штикли имаш ,така комбинирај си го,со таква боја накит Само бидејќи е темно фустанчето би ти препорачала со некоја посветла боја да го комбинираш,да не е монотоно Едит: И да носи го ,баш ми е интересно мене Можеш и со салонки и сандали ,само чизми да не се
Флејм, многу ти е убаво фустанчето, посебно делот кај грбот Е сега ако е темно виолетово (ма да мене тегет ми се гледа на сликава и неможам баш да го замислам како темно виолетово ) можеш да го комбинираш со некои кафени римјанки и кафена ташна, и со некое ланче по впечатливо , можеш со некои крем - беж балетанки или штикли сеедно и накит во слична боја, можеш и дури со некои цветни балетанки или штикли таман да разбиеш монотонија Но сепак остави го за крај на пролет - почеток на лето, ипак е со разголен грб, а не вреди да го носиш со некоја наметка, да го сокриваш делот кај грбот бидејќи е најубав