Со рамбовче и одозгора некое пролетно незакопчано џемперче (и двете во некоја неутрална боја) а долу некои поопуштени сандалчина на плута. Никако со шифон кошулче и салонки нешто такво.
Здраво девојки специјално за да побарам од вас помош и го направив профило ) Епа вака..КАКОВ НАКИТ, ОБУВКИ, КАИШ, и ТАШНА/ПЛИКО би ме советувале за овој фустан (се работи за свечена пригода)? Со фустанот си одеше каиш бел со ЗЛАТЕН дел на преди каде се закопчува, но тој дел ми се скрши па затоа јас мислев да го направам следново: -ЗЛАТЕН каиш....знаете оние убавите ) -ЗЛАТНИ обетки -ЃЕРДАн..мислам дека нема потреба..така? :? -ОБУВКИ КРЕМ -ТАШНА/плико КРЕМ Any suggestions? П.С. КАИШ мора да има бидејќи има големи гајќи од страна наменати за каиш ) П.С.С. Ви оставам и слика од штиклите што планирам да ги купам.. Ви благодарам однапред..убав ден
Обична црна суќна со висок струк? Кошулче некое од тие проѕирните? Ама па не сакам да ми се глеа прслук одоздоле, не ми е баш пријатно.. Ако се виделе нешто може и да ми кажете каде да одам да видам/пробам
Можеш со многу бои. Портокалова, црвена, бела, кремава... А и не мора да е еднобојна. Нека е карирано нешто, цветно.. можеш со маица одоздоле, ако се прозира кошулата Мене убаво ми изгледа така, а и не е вулгарно. Па можеш со кремави, розови, бели... Зависи каков стил тераш, јас би шарени. Ако носиш и болеро, ташна, накит или друг моден детал можеш во боја каква што ти е додатокот
Umbrella22, јас имам ваков модел на сукња, само кремаста со лилјакови цветови. Дека преферирам опуштен, street style, вообичаено си ја комбинирам со-бела кошулка, некоја маичка на кратки ракави едноставна со масовно ланче (вообичаено исто бела), тексас кошулка... Дека мене како мајца-рамбовка, воопшто не ми се допаѓа, би ти рекла да ја комбинираш со мајца на кратки ракави, а фино би било ако имаш таква, опуштена на едното рамо( се надевам ме разбра)
Да си прашам јас Дали слаби девојки можат да носат тесна суќна? зашто сакам да искомбинирам тесна црна суќна (која има црни хоризонтални линии) со кошула едната опција ми е цветна (темносина основа со црвени цветови и некое нежно ланче), а втората црна кошула (пробав да ја ставам во суќната,преубаво стои без ракави е, а за ланче еден покрупен ѓердан со златни и црни елементи. И со црни балетанки. Мене ми се допаѓа и на двата начина ама повеќе сакам со црно, ама се мислам да не изгледам премногу слаба Ајде некој совет..... ако може некој и за шминка што би одговарало,зашто стварно немам никакви идеи
Јас мислам дека ке изгледаш преубаво. И јас сум слаба па си носам кратко и тесно и преубаво ми стои, е сега твое е да одлучиш која комбинација ке си ја облечеш
Јас би ти препорачала чантата и штиклите да се во друга боја, на пример бордо, тегет, бела, кафена и да има некој детал на обетките во таква боја
која комбинација би била подобра кремасто т.е шампањ боја на фустанот горе има како корсет тоа е како со циркончиња златна боја,напред краток од позади долг со штикли златна боја исто така на штиклите да има циркончиња, таква ташничка мала или пак црвени штикли, и црвена ташничка? се двоумам..
http://static.bershka.net/4/photos/2014 ... 5679248130 Девојки со што би ја искобинирале за вечерно испаѓање? о
Како прво сукната е мнооого убава како второ би ја искомбинирала со маички како на сликите но во бела,крем,розева,зелена боја значи какви бои има на сукната таква маичка можеш да комбинираш но еднобојна барем мене така ми е поубаво за да се смири малку цветниот дезен на сукната а можеш да носиш и корсети инаку одлично оди со салонки и плик чанта и веднаш имаш вечерна комбинација бојата на салонките и плик чантата зависат од тоа каква боја ќе ти биде маичката но крем боја на салонки и чанта чинам оди со сите бои ]
Zdravo devojki, si kupiv letni (orginal)kozni cizmi do pod kolena so otvoren prst, predlog so sto mozam da gi iskombiniram? Inaku bojata im e siva, za vecerno izleguvanje.
Жени, јас скоро и да немам модна дилема, ама сега ме замислува малку времево. Спојлер Се надевам прашањето Е за тука. Значи, поканета сум на прослава за матура утре од 18-21 часот. Со оглед на тоа што временскава прогноза ми кажува дека во тој период температурата ќе биде околу 20 степени, што според мене не дозволува сандали, се мислам дали воопшто да одам на таа варијанта оти гледам женскиве си почнале на боса нога уште од сега вечерно време по дискотеки. Дилемата е следна: Сандали и кратка сукња vs. салонки, хулахопки и кратка сукња. М?
Senza.parole според мене најубаво салонки да си носиш. Мај е соодветен за сандали, да, ама не и оваа година. Јас би одела на салонка како најсигурна опција зашто времево е премногу непредвидливо. За еден саат може да се смени и може да заврне или да падне температурата. Ако си со сандали лом ќе се направиш и ќе смрзнеш на нозе. Секако, ти нема надвор на дожд да стоиш ама сепак, ме разбираш мислам. А и навечер знае да биде ладничко. Пред некоја вечер излегов со маичка на кратки и одозгора палто, смрзнав, а не па да си на сандали, боса. Е сега не знам и горе што ќе носиш ама палто и сандали мене не ми оди. Сандали ми одат на некоја блуза на кратки, прерамки и без палто, а со оглед на тоа што времево не е за со такви блузи пак не ти одговараат сандалите. Штознам, мое мислење е ова, па ти одлучи си.
Купив бел корсет и цветна црно-бела суќна за полуматура. Со што да ги искомбинирам? Каква ташничка, какви обувки? Хелп?
Како да ги искомбинирам фустанчињава? Фустан број 1: На првата слика е фустанот од позади, на втората монистрите кои се наоѓаат во пределот кај рамената: (отворете ја сликата во ''NEW TAB'' за да ја видете целосно) Мислам дека фустанот подобро изгледа со колан. Можам да ставам било каков, со било каква големина и боја која би одговарала. На пример: Фустан бр. 2: Фустанот е во нежна розе боја. Не знам дали да му ставам некој детал или колан за да ја разбијам монотонијата. Отворена сум за какви-било идеи кои би ми помогнале. Доколку е потребно ќе пресликам. Кој фустан би го одбрале за полуматурска вечер? Кој фустан како би го искомбинирале? (накит, обувки, било-какви додатоци и боја на истите) Желба ми е (кој фустан и да го носам) да биде комбиниран со балетанки. Не носам штикли. Ве молам да ми дадете идеи.