Да, одат. Цветни патики мене лично ми одат со било која боја. Само да е еднобојна блузата. Фармерките се полн погодок на патики. Можеш и некоја ташничка поспортска да ставиш.
Зашто не го искомбинираш корсетчево со фармерки или панталони со висок струк, мислам дека многу поубаво и поинтересно ќе изгледа. Ама ако сакаш сукња тогаш исто со висок струк во било која боја освен тексас.
Во црна боја можев да најдам повеќе модели сукњи па затоа е се во црно ( нели моделот е побитен ) инаку за бојата можеш било која само да е сукњата еднобојна за да не е пренатрупено.
Една моја школска за матурата носеше оваква боја на фустанче искомнинирано со тегет штикли... Кога ми кажа бев малце скептик, но кога ја видов ептен ми се допадна комбинацијата - некако беше несекојдневно и смело, а од друга страна слатко и женствено...
Со фармерки или хеланки и маичка во боја ( некоја од боите кои ги има на патиките) Како и да ги носиш секогаш нека се делат, не додавај уште цветни работи.