Јас сум за втората варијанта. Иначе, како да искомбинирам мастило боја сукња а да биде поспортска варијанта? Се работи за концерт на отворено, и ако ја носам неа на нозе би носела розови платнени патики или црни балетанки. Предлог? Ваков е моделот:
Лани побарав шорцеви кратки мајками да ми сошие но таа ми соши со висок струк што мене не ми се допаѓаа ради струкот и воопшто не ги ни облеков. Сега гледам некако во мода се и ги носат. Што мислите за нив, дали ги носите и како би можела да ги комбинирам?? иначе се работи за темен тексас
Ај помош девојки со што да искомбирнирам ваква сукња,да спомнам дека шлицот поубаво стои од страна.Фала однапред
Со некоја кошула или маичка во било каква боја, само да не е црна. На нозе патики или балетанки во зависност од пригода.
Јас би комбинирала и со минт, мислам дека ќе изгледа баш супер, ако пак не си одговараат многу нијансите крем е секогаш добар избор.
Дечки а одговара ли да облечам црни куси панталони на висок струк со бела чипкаста кошула (од оние проѕирните) и црни балетанки? Некако мислам глупо би изгледало бидејќи кошулата е чипкаста а панталоните на висок стук, па да не изгледам смешно..
Јас во такви денови избегавам фустани и здолништа,како и светли панталони,ти препорачувам црни или темни фармерки или некои панталони во потемна боја.Нагоре можеш некоја летна интересна маичка и на нозете штикли и спремна си. Еве некои предлози:
Носи си ги што дека се висок струк ако сакаш да го разбиеш темниот тексас на шорцевите може да ги комбинираш со светла цветна кошулка или еднобојна ставена внатре во шорцевите со крем штикли идеално би било да се така повисоки зашто визулено нозете би ти ги направиле подолги и витки и плик чанта но не многу свечена...исто така може да комбинираш и со црни чевли на платформа со блуза онака лелеава или кошулка во црна боја...а доколку сакаш денска комбинација тогаш може со поедноставна маичка и балетантки со чантичка преку рамо ...имаш многу комбинации јас лично би ти препорачала да си ги носиш со светли чевли и кошули пошто сепак сезоната е таква и поубаво делува.Еве и слики може ќе добиеш инспирацијаСе надевам помогнав
Мене овие со висок струк ми се преубави.Посебно кога се потемни можеш со се` да ги комбинираш. Eве нешто за идеа:
Имам еден црно-црвен цветен фстан до коленици ми е сакав да го искомбинирам со црни хулахопки и црни како штиклички ама затворени ко чизмички се многу се кратки до глужд ќе одговара?