Help,help,help чекам некое советче да ми кажите со кои што ќе можам да ги искомбинирам овие парчиња кои ми стојат у плакар 1.комбинација на шалвари цветни ?? 2.на куси цветни пантолончиња ?? 3.на цветно блузе? За последниве две очекувам дневни/нокни комбинации
Sadgirl21, фустанчево ти е бомбона. Моделот оди со се. А особено тоа што е тегет може да се комбинира и со многу бои. Можеш со шарена марама/ташна. Зависи какви обувки ќе носиш, па можеш да се задржиш на таа боја и да испадне комбинација само од две бои, тегет и таа на сандалките со дополнителни додатоци од истата боја (накит, наочари, ташна..). Јас искрено би увалила повеќе бои. Еве пример, додади нешто тиркизно и златно-жолто. Со оглед на тоа какви слики ставаш во темата:идеална комбинација, не се сомневам дека одлично ќе го искомбинираш
Дали би ја носеле сукњава? Доста време ја мозгам и не можам да се одлучам што да правам со неа. Стара сукња на мајка ми, моментално должината е до под колена. Планирам да ја скратам над колена да дојде, ама не знам со што би ја комбинирала. Мислам дека материјалов е шифон.
Мене ми е баш убавка и интересна,таман за лето.Можеш да ја носиш со каква и да било маичка,корсет,само еднобојни и поубаво со боја на некоја од сукњата.За чевли и чантичка,можеш со какви и да било,комбинации милион. Еве некои предлози Спојлер
Пред некое време си ја купив маичката, ама појма немам како да ја искомбинирам.Пробав со сукњичката и двата пари куси панталонки. Што мислите, со што најдобро одговара?
Повеќе ти одговара со кусите панталони. И извади ја надвор од панталоните, ќе делува малку поинтересно според мене. Можеш да додадеш и некое нежно црно ланче.
Ви благодарам и на двете за предлогот. Инаку fatamorgana123 долга е, пробав и внатре и извадена и кога е внатре делува посимпатично. Како и да е секој си има свое мислење, а јас го ценам твоето.
Што повеќе би одговарало со ваква боја и модел на фустан? црни или бели балетанки или сандали на плута
Бели балетанки дефинитивно, за сандали на плута па и не сум баш сигурна не верувам, а со бели балетанки нема да погрешиш
Бели балетанки ( можеш и со кремави, сиви, корални или нежна - жолта, розева, лилакова, бебешка сина во комбинација со некоја 3та боја накит ), со оглед на тоа дека сме лето и се практикуваат повеќе светлите бои ( и еден совет : експериментирајте, променете ја монотоната комбинација и очекувана комбинација од 2 бои )