А фустанов со овие чевлички Не се вака светкави како на сликата и им го извадив тоа укравчето Спојлер Многу се нервирам, имам ептен мала нога и никако неможамдаси најдам штикли не сакам да носам обични балетанки, сепак одам на регистрација кај најдобра другарка, а и сведок сум
Бендисав една сукња и фустанче ама воопшто не знам со каква боја на сандали да ги искомбинирам Ако не се снајдам да не ги ни купувам И за сукњата мислев со рамбовка да ја искомбинирам само и за тоа не знам каква боја би можело Спојлер Спојлер
Кога ја видов сукњава прво нешто што ми падна на памет беше комбинацијава на Анабела: skrieno-katce/modni-kritiki-za-ne-tolku-hrabri-feminki-t5066/18190.html#p2084903 Наместо со рамбовка искомбинирај ја на овој начин, со некоја шарена маичка или кошулка на која ќе ја има и бојата на сукњата... За ташна и чевли е лесна работа, некои во неутрална боја, а накитот златен дефинитивно... Што се однесува до фустанчето јас би го искомбинирала со кремасти штикли, безразлика дали салонки или сандали, нема утка тука Прекрасни се, купи си ги, нема да зажалиш
Покрај црна, кафеава, кремаста и златна, еве друга каква боја на чевли би одговарале: За целосна комбинација, кога отприлика би составила некоја, а се двоумиш за нешто, би можела да прашаш И конкретно за сукњата, секако би требало на свој начин да ја искомбинира. Не мора ако Анабела облекла шарена кошулка нагоре, истотото и Анастасијаки да го направи. Може на неа рамбовка поубаво би и стоела, и без принт
Не знам кај прочита дека мора да ја искомбинира како Анабела. Чисто дадов пример, свесна сум дека се треба да се носи на свој и да се биде уникатен. Мене ми се допаѓа како ја искомбинирала таа и затоа и ја спомнав. Сметам дека сукњата е пресвечена (т.е материјалот) за рамбовка. Кошулката или маичката не мора да има принт, може и класична да биде - бела. Има безброј варијанти, јас ја кажав онаа која мене лично најмногу ми се допаѓа и која ми текна во моментот.
Фала девојки А, што мислите за оваа сукња, која е подобра оваа или предходната Со што би можела да ја искомбинирам со оглед на тоа дека е шарена Спојлер
И двете на свој начин се интересни, првата е поуникатна, пред се заради смарагдната боја во комбинација со материјалот, но и оваа не е лоша. Тебе повеќе која ти се допаѓа? Инаку покрај со наједноставни маички почнувајќи бела, па нежни тонови ( но без принт), истотака со фармерска кошула сукњата би го добила својот израз, a притоа би можела да додадеш сандали во боја.
леле многу се убави сукните, анастасијаки можиш да ми кажиш во порака од каде ги гледаше? да прашам за ниски девојки одговараат ли вакви типови на сукњи? Јас сум 1.60цм висока и како што ги гледам ке ми дојдат бајаги под коленици ептен ми е мерак ама да не се обрукам
Мене баш ми се убави. Имаш многу комбинации.На пример сукња со бела рамбовка или кошула и накит во иста боја на штиклите или панталони со интересна кошулка и интересно ланче.
и мене ми се допагаат, сварно баш се убави како што кажа tea4e имаш многу комбинации можеш со фармерчиња и некое кошулче .... можеш и вака нешто може штиклите на сликиве се далеку од исти но тие што ги имаш совршено би се вклопиле
Meне многу ми се допаѓаат , нови ми се , и ептен им се радувам ама немам идеа со што да ги облечам. Секако , не за секој ден за низ град ..онака на некој повод..роденден , забава и сл. Фала tea4e и lovemme
Мене искрено не ми се допаѓа многу.Ако веќе планираш да ја носиш можеш да ја искомбинираш со бела рамбовка или со некоја интересна кошула на заврзување.Додади и неколку детали во боја и се` ќе си се вклопи. Можеш и да ја скратиш малце,вака ми се гледа како долга.
Ќе носам розев фустан со црни штикли и црно плико и сега се мислам каков да биде накитот,црн или сребрен?