Гледај Да е некоја боја усогласена со горниот детаљ од фустанот . И една белегзија со слични деталји ти е доволна.. според мене
На овој фустан кое ланче подобро би одговарало тоа што го носам или другото со крем топчиња? Поводот е блиска свадба ке го комбимирам со крем со златмо пликче и крем чевли и ако го носам тоа со топчињата ланчето ке носам и златен часовник ... што мислите вие јас сум за тоа со топчињата за да разбијам елеганција бидејки мислам дека фустанот е доволно елегантен совет ве моламп
Девојки помош плис За роденден ми треба ама на многу ептен блиска особа. ве молам слободно дајте ми некој идеја како да искомбинирам. Инаку некако не ми се носат штикли, повеќе за балетанки сум а само црни имам, но сепак да предложам и со штикли. Ги испланирав овие парчиња но не знам како да искомбинирам. Ако имате на ум подобри парчиња кажете да склопиме непто. крем чипкасто топче темно зелена маичка на прерамки со везени деталчиња на градите и бисерчиња шорцеви од темен тексас со висок струк црни балетанки темно крем штикли затворени -КАКО РЕЗЕРВА ГЛЕДАЈТЕ ГИ ако ептен ништо не иде со балетанките црно со крем лаковано плико темно крем голема ташна
^ Како прво ,со слики да е ,подобро би увидела што и како,мислам каков материјал и така. Но,да ти сугерирам:Би ги облекла шорцевите од темен тексас со висок струк,би додала или црна или рамбовка во беж боја ,заедно со црните балетанки(бидејќи рече дека се во предност од штиклите),во комбинација со црно со крем лаковано плико. Покрај обичните рамбовки ,кои нели ги додадов,би искомбинирала со едно кежуал ланче,може шарено или со топчиња за да ја истанке целата комбинација. Сепак е роденден,каква и да отидеш ќе и направиш мерак што на тој ден ,важен ден си до неа или него.
го добив фустанчето на поклон има и каивче иста боја ко него само на сликава извадено е. Освен со бели и крем чевли со каква друга боја би одговарале? Немам крем ниту бели а сега не сум ни во можност да купам, а ептен ми стои убаво баш за бремени жени е таман Едино имам црно со крем сандали ама што знам
so kremasti sandali milsam reche deka imash taka? kje ti odgovara iako i drugive fimnki shto vikaat pozdrav....
Зошто да не идат црни сандали? Стави си црно каивче или пак во било која боја што имаш сандали и каиш. Мада со црн каиш и црни сандали ептен ми е Audrey Hepburn Но сепак тоа е мое мислење...
Ве молам за совет имам флуросцентно жолт шпиц сакам да го комбинирам на црно фустанче со црни хулахопчиња, би сакала ваше мислење за црни хулахопки на жолтиот шпиц дали би изгледало убаво?
Ако веќе си решена да носиш хулахопки облечи прозирни, со црни нема да изгледа убаво. Срна хулахопка добро стои само на црна салонка.
Уште сум во дилема. За помалку од месец сум на свадба, па и тоа кај прв братучед. Е сеа, фустан никако не можам да си најдам моја величина. За шиење, не можам толку да се замарам. Дали би било глупо ако облечам вакви куси гаќички+патики+некој топ? Ако е океј, со каков топ да искомбинирам? https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 05bfb8f29d
Едноставно не. Ако веќе сакаш да биде со кратки панталонки, сепак треба да биде нешто поелегантно и да одговара на пригодата. Пр. Комбинации што слободно можеш и на балетанки да ги носиш