Не ми е проблем кошулата за комбинирање туку сукњата, појма немам со каква боја да ја искомбинирам Инаку bella96 планирам да носам исто така жолти сандалки на кои има ситни теѓет линии
Anastasijaki сукњата ти е преубава, а и како си искомбинирала ми се допаѓа многу. Имам слична таква сукња скроз ист крој само што е мојата бакарна, бронзена некоја боја. Си ја сошив пред три години и до денеска ми е нешто најубаво што имам. Одговара за на работа, за некоја свеченост, нема каде не сум ја носела Можеш да ја комбинираш и со бела кошулка, нешто кремово светло, со некоја црна блузичка на кратки ракави.
Сукњата можеш да ја носиш со црна,бела и кремава боја,но најубаво мислам би било со црн горен дел (кошула,блуза па дури и обична црна маичка) Доколку ти е преедноставно со сосема еднобојна црна блуза или маица можеш да додадеш накит
Имам ваква слична кошулка. Само без ракави и бојата е бела со црвени бомбици а крагната е тексас. И сега надоле се врзува. И на што да ја комбинирам? Фармерки не носам во лето ич ( а и немам летни фармерки). Совет?
Женски,добив за роденден ваков топ,со риги,ригите се тегет со бело,и немам појма со што можам да го комбинирам и да изгледа интересно. Предлог?
Можеш со тексасни кратки пантолони, кратка суќна (не од секаков материјал, ќе пробаш различни и ќе утврдиш кој ти одговара).
Можеш да искомбинираш со кратки панталони и сукњи. Мислам дека убаво би изгледало и со 3-4 фармерки. Може и со широка сукња со висок струг, па да излезе како фустан. Или нешто вакво:
Бидејки самата сукња по себе е доста ефектна ја би ја комбинирала со еднобојна маица .Може по кратки ракави или само на рамки.Можеш балетанки или ниски старки зависи што преферираш. За навечер ако е поладно ја би и тексас кошула светла и раскопчана
Пак јас Имам ваква маичка и незнам со што оди подобро. Црна тесна сукња или црни тесни шорцеви? Што мислите женски,неможам да се одлучам,исто ми е...
Имам една блуза, од напред е бела, а од позади зелена. Дали би изгледало убаво доколку носам фармерки во иста таква зелена нијанса и иста боја патики или пак би било премногу? И со каква боја на фармерки би можела да ја искомбинирам? Инаку нијансата е слична на оваа, можеби малку потемна.
Мислам дека би било ту мач со панталони и патики во иста боја. Можеш да комбинираш со секаков тон на фармерки,но исто така можеш и со панталони на црна или сина боја,(потемна) или боја на шампањ.Тоа е како крем,но малку поинаква. П.С.има разлика од панталони и фармерки (да нема забуна дека ти пишав така) П.П.С.кликнав ми се допаѓа,а сакав цитирај затоа веднаш го тргнав ,да не биде забуна.