Моето мислење е дека можеш да ги носиш фармерките со зелената нијанса комбинирани со бели патики/чевли. А со зелените патики можеш да правиш комбинација со сини, црни или сиви фармерки.
Да ве прашам нешто. Имам 3/4 маички со натписи напред ваква нешто боја ептен розеви е сега дали би било глупо да ги комбинирам со црвени фармерки? Имам слушнато дека розево и црвено никако не одговарале. Ако не со црвени со какви фармерки да ги носам освен црни и обични плави?
Леелеее ќе можеш да ми кажеш каде најде ваква сукња...се утепав од барање..ваков или друг принт не ми е важно Фала ти многу
Имам кремова марама со што би можела да ја искомбинирам а имам и кремово со кафено марама и таа со што би можела да ја искомбинирам абе едноставно марама со што би можела да искомбинирам???
^^ Штом марамата е крем на се` одговара. И самата марама како моден додаток на се` одговара каква било боја и да е.
Ljiljakov fustan osven so crni I ljilakovi cevli so koja boja mozam da kombiniram? I dali e sramota go avgust Na svadba Na otvoreno da se nosat hulahopki?
Зависи каков е фустанот и со што друго ќе го комбинираш. Може со тегет, бели или кремасти. За да ти кажам која боја одговара најмногу треба да го видам, вака само од прилика може. Инаку не е срамота да носиш хулахопки, иако јас ова време не би носела. Ако носиш, најубаво е да бидат кожа-боја и да не светат многу.
Дали оваа комбинација би била добра за на свадба или пак да комбинирам нешто со сини на платформа или пак? Предлози,навали народе
Пред се каишчето извади го. Мислам дека такви каишчиња не се ставаат на посвечени фустани. Се ставаат на нешто пообчно и надолу да биде широко. Значи каишчето не. Добро би било да си ставиш и огрлица како штиклите само некоја поголема и плава ташничка плик како фустанот. Мислам дека би било во ред.
Женски се мислам дали да ги купам ептен ми се свигаат, но нз со што би ги носела немам идеа па ајде хелп
Можеш да ги комбинираш со секојдневни комбинации каде ќе додадеш златно каивче или пак чанта со некој златен детал. И не мисли се дали да ги купиш, прекрасни се.
Имам кремаст корсет и освен со црна сукња немам некоја друга идеја со што да го носам. Некој предлог?