Јас мислам дека би изгледало убаво со бела маица, некое поголемо златно ланче и било каква боја фармерки.
Ако е целосно кремаст корсетот односно без шари, можеш да го носиш со било каква сукња или панталони кои се шарени без разлика дали во шаренилото има крем. Можеш со тегет сукња или панталони, црвена, зелена, сина, розева буквално сите бои. Со крем се одговара, освен со сиво малку изгледа еднолично и со жолто не ми се допаѓа како оди. Значи можеш и со панталони и со кратки панталончиња, фармерки, тексас сукњи, шалвари...
Имам вакви панталони (моделот е како плавите само со висок струк,а бојата е иста како шалварите, ни розева ни праска чудна ) ете можам да искомбинирам со црна рамбовка како на сликата ама со друго?
Покрај црна рамбовка можеш со бела или крем.Исто така со блузички со натписи. Јас еднобојните ги комбинирам и со цветни кошули,кои изгледаат како блузички.
Да прашам некоја од поискусните дали фустанчето одговара со овие сандали? П.С сандалите се посветла боја во живо.
Даа. И нагоре ако имаш тексасна кошулка или еднобојна маичка/рамбовка, милини. Можеш дури и накит да ставиш. Некое поедноставно ланче, или нараквица.
А што подразбираш под обични штикли?? Салонки, сандали ?? Доколку се сандали со штикла носи, но немој салонка и тексас шорцеви.
озбилно девојки немојте со шорцеви и салонки мислам стварно може се чуствувате секси и се ама курвински изгледа
Со што ќе можам да искомбинирам црно-бели панталони тесни,дали ќе одговара со нежно сина маичка така што го покрива газот ,не ме бива за објаснување,ако може некој предлог како да ги искомбинирам панталоните за вечерно излегување на кафе?