nevermet18 Мене трегерите воопшто не ми сметаат во комбинацијата, демек некој ќе те врати тебе таму. Плус, ниту се провокативно парче, ниту разголено, ниту несоодветно за на училиште. Мене само некако ми е шарена комбинацијата. Мој предлог е да облечеш поедноставна маичка, не толку шарена, без принт. И, искинати фармерки не ми се за на училиште. Тие се модерно парче и се, но не ми се вклопуваат за таму. Во споилерче ќе ти постирам други идеи за на училиште, може ќе ти се допадне нешто. Спојлер Viollet Минт кошулка, светло виолетова кошулка, жолта кошулка, бела блузичка со впечатлив накит, светло розеви маички, кремова маичка. Нешто во светли бои. Еве во споилер некои комбинации. Спојлер slimsblue Со минт, бела, црна, шарена, кремова кошулка/блузичка/топче. Види во споилер, се надевам ќе ти се допадне нешто. Спојлер x-MajaEsposito-x Светол тексасен елек многу убаво стои со црна или бела балетанка шпиц. Видов на една девојка во Велес, многу ми се допадна. Можеш со старки бели или темно сини, обични платнени патичиња, ниски чизмички (ако љубиш да ги носиш на лето).
Mи треба и мене помош во врска со боите што како. дали овде нешто се вклопува или не тоа ме интересира,и ме интересира дали ќе одговараат на црни балетанки исто. п.с балетанките се неколку нијанси посветли од кафената ташна
Балетанките се добри, но од аспект на боите, едноставно не одговараат со чантите. И да, црни балетанки би одговарале на истите.
комбинацијата ти е супер само без трегерите...и зашто не би носела патики? па и јас ќе носам патики можеби не е тип што сака балетанки
nevermet18 трегерите дефинитивно не. Другото мислам дека е добро. Инаку само сакав да ве прашам за мислење. Што мислите за оваа маичка? И дали би можела да ја комбинирам со фармерки во боја? Или какви например освен со обични тие плавите што се напред избелени.
Прво, благодарам на одговорот. Мислев да ги носам трегерите бидејќи ги купив заедни со фармерките, но нема да ги носам. Маичката одговара на тексасни, да, може да ја носиш со такви. Можеш да носиш со неа и кремести, бели, па дури и розеви и темно сини панталони.
Со оглед на врнежливово време кое не следи последнава седмица дали би било во ред да се носат затворени чевли (не салонки) за на свадба или сепак да носам сандали ? Фустанчето ми е како на кимоно б ез ракави но ке го комбинирам со болеро црно ? Вакви ми се чевлите исти како на сликата
А зошто да не носиш салонки? Така таман елегантни за пригодата и ќе одговараат на фустанот, за разлика од овие оксфордки што ни во фантазија не можам да ги замислам на фустан за свадба.
Ја не би препорачала да ги носиш на свадба, некако не се за тие пригоди. Ако не сакаш салонки, подобро сандали облечи.
Панталончињава се како хеланки(ама не оцртуваат како хеланки) изглеа памучни ама и ликра имаат така некако тесни се скрос ус тело стојат, бојата е некоја чудна не знам пастелна накај розева ми мава мене хаха. Не знам со какво горно да ги комбинирам, со каква боја, материјал? Ај ве молам предлози
http://media-cache-ak0.pinimg.com/736x/ ... d1c401.jpg http://blog.debshops.com/wp-content/upl ... -jeans.jpg http://thefashiontag.files.wordpress.co ... -style.jpg Најубаво би ти било да комбинираш со сива,црна,бела или тегет маица,според мене.Еве горе во линковите ѕирни ги комбинации, нешто на нет најдов.
^ Фала ти многуу, најмногу сега баш можам да ги носам да не биде за џабе сум ги купила хаха А дека се такви како памучни со ликра(материјалот) малце ми беше потешко да составам комбинација и сепак мислам дека треба похрабро да ги комбинирам, ама мене па и вака најискрено со ништо не ми одговараат хаха
E дека се ликра се потешки малку за комбинирање.Најубаво јас мислам дека би стоеле со маица во тие бои погоре што ги спомнав и една тенка наметка или џемперче одозгора,поинаку не ми текнува како би искомбинирала.