Ај не можеш уште на една тема да го поставиш прашањето Еве нешто вака http://www.polyvore.com/heartless/set?id=25644961 Некое елегантно фустанче, чизмички или штикли. http://www.polyvore.com/blue/collection?id=723341
Mислам дека одлично изгледа совршено ама за мој вкус за вечерни излегувања , па зошто да не и дневни ...слави, родендени...Совршена комбинација е ако не чекаш нова година во некој ресторан или кафуле можеби ? Дискотека ? Бидејќи ако се собирате кај некого дома, комбинацијата е баш топ. Но , ако одиш некаде мислам дека поприкладно е да носиш фустанче во било каква боја, комбинација или модел но да биде фустанче, бидејќи се мислам зависи од моментот, така ? Н ова е мојот вкус, секако немора да ме послушаш Поздрав и убав помин за новогодишната вечер !
епа нова година ке чекам со клас во кафана на едно дете ама ке бидеме само ние.Не е некоја луксузна кафана таму чекавме и лани.Може да се каже дека е постар локал не е во употреба , а и не е многу големо.Па мислам дека комбинацијата за таму е добра
Па туниката незнам од каде ми е.Ја имам подолго време и ја немам облечено,некако не ми беше симпатична ама кога ја видов сликата(горе што ми е поставена) ми текна дека можам да ја искомбинирам некако и излезе убаво
линиите на блузата се обратни и е кафено,светло- темно со бели линии од под градите надолу доага како ластик плетката се надевам ме свати и со широка јака,со црни цевка фармерки и цизми на стикла тие на сликата што ја постирав колку добро се гледа незнам се надевам добро ке стои секако со капутче поздрав
jas za ng sakam da nosam bela svetlikavo pletena tunika na ramena no ne mnogu dolga do gz (ne pod gz) i planiram da nosam isto pletena suknicka vo temno lila boja isto svetlikavo nad kolena i kratki cizmicki do gluzd.e sea sto mislite za kombinacijava i dali da nosam crni ili lila hulahopki? sto mislije? [mod-kirilica:9fkc5rr0][/mod-kirilica:9fkc5rr0]
Meне некако не ми се допаѓа твојот план Од самрак до зори. Плетена туника светкава до гз иде со фармерка или евентуално хеланка (мада викаш кратко е тогаш не е за хеланки), а не со плетена светкава сукња. Светки светки светки ... не иде баш како лампион, елка! Плус цела плетена. Друго што ми падна во очи е тоа што долга ти е блузата, значи ќе ја покриеш сукњата, а и тоа не ми изгледа добро. И цела во плетено со светки. И ако бираш хулахопки зашто црни кога на ништо нема да ти одговараат? А лила ако земеш цела лила ќе бидеш надоле, а нагоре бела, јас најмногу сакам хулахопките со блузата да ги комбинирам. Вака кажано мене ништо не ми се свиѓа од тоа како си објаснила дека ќе комбинираш. Ако сакаш за подобар совет сликај се, или сликај ги парчињата облека.
Имам нова слична блуза како оваа само не е толку отворена и не е без ракави туку со кратки. Сега не знам дали ќе стои со кратки панталони (црни, инаку блузата е пурпурна боја). И какви хулахопки би одговарале, црни или месо боја?
Тенкаи, и јас имам ваква блуза ама така малку подолго стои, и ја носам на хеланки, убаво како туника паѓа Ако ти го покрива газот убаво, носи ја така И јас да ве прашам нешто, за НГ имам црно фустанче, вака ко блузава од Тенкаи малку паѓа на градите, со сребренки ко нишки на ракавите. Ќе го носам со црни чевли со сребрено брошче-срценце, ама сакам да си купам црвен накит. Поточно обетки, и евентиално алка некоја исто црвена. Јас сум плава, бел тен, како би изгледало? И да ставам нежен црвен кармин или? Одговара ли вака? И фустанчето и чевлите ми се елегантни а младешки, не можам да најдам слично фустанче, ќе пуштам ако најдам
Тенкаи ако забележа во темата Хтабри форуџики имам слична туника плава или незнам што боја е Таму сум сликана со кратки црни панралончиња, а ја носам и со хеланки. Кога носам чизми ја носам со хеланки, а летно време и на салонка со кратки панталончиња.
Сакам ваше мислење која е поубава комбинација, фустанот со сандалите или со чизмите...јас сакам да ги носам сандалите за нова година ама мислам дека малку е глупаво поради тоа што е зимно време...ве молам за ваш совет...позз
Сандали за нова година НИКАКО!!! ќе смрзнеш како прво и основно Чизмиве на ваков елегантен фустан не одговараат.....единствена варијанта ти се салонки, било какви чевли црни затворени или ете најмногу што може на прст отворени да бидат. П.С. кај ќе славиш??? штом си одбрала ваков фустан како за кафана ми изгледа
Ти си знаеш, ако се чувствуваш убаво во сатенсково фустанче за во дискотека носи си го....ама јас на твое место не би го носела во дискотека, некако свечено ми е можеш некоја не толку елегантна комбинација да си направиш со друго парче облека и со чизмите, но сандалите во никој случај не ги земај во предвид.
Па не ми го покрива газот, кратка е, до половина. Затоа прашав за со панталончиња. Фала за одговорот, ќе пробам уште еднаш како стои со кратки панталончиња и ниски чизми.
Sweety ако веќе си одлучила да го носиш овој фустан немој никако со чизми или сандали.Подобро земи си класична црна салонка ... Мислам ако си од Скопје,не се скапи,има и од 600 и 800 вакви Секоја девојка има класични црни салонки,добри се за речиси секоја пригода.