Девојки со што можам да искомбинирам кремасти фармерки? Ги имам дома од лани ама не ги носам оти незнам со што да ги искомбинирам. Кремасти се ептен нежна боја. Може некои предлози и идеи?
Имам и ја кремасти фармерки, со се одат. Со бело одат одлично, сино, онаа ментол боја... Буквално со што сакаш можеш да ги комбинираш.
и јас ги имам ги убив од носење лани, сега пак ги исеков како искинати фармерки ги напраив да можам да ги нносам во тој некој по не елегантен стил
Девојки што би облекле прв ден на факлутет?? Што мислете за комбинација фармерки бела кошула тексас палто (пошто времето е ни со палто ни без палто ) балетанки боја како фармерките (тегет) и кремаста ташна ??
еве ја мојава, не сум сигурна ни јас искрено немам поим како да се облечам но еве слични се ни идеите како што гледам-во тој правец се па најверојатно се ок, нека ни кажат поискусните
Добра е комбинацијата само ако имаш ама ако имаш стави некое каишче, ланче, обетки како бојата на ташната ако не па и не треба, инаку да супер е.
Феминиум и ХардРок комбинациите ви се супер, нема потреба од додавање на накит, обетки, масивни прстени и ланчиња. Сепак отиде на факултет, а не низ град така да многу китење не би ви препорачала, ова се однесува на оние кои го предложија тоа. Сепак ако си носите некои мали обетчиња или прстенчиња што не ги вадите тогаш е ок, али некоја масивна бижутерија никако. Многу паѓа во очи верувајте, а сигурно не би сакале да ве запамтат уште првиот ден. Мој совет е што поскромно и пристојно облекување за на факултет, кога ќе видите какви ги има низ факултетите нема да знаете дали идат на свадба или на предавање затоа држете се до скромноста.
Ние не рековме да се накити со пола кило злата око врата туку некое каиште или мали обетки таква нежна боја како ташната секако дека долги ланци, големи обетки и нешто што ептен паѓа во очи не е за на факлутет. Тоа е сепак факлутет не кафуле.
девојки си купив вакви фармерки денеска па сакам да ве прашам: дали ви се свиѓаат? гледам низ град многу девојчиња со вакви фармерки како да се во мода периодов.. и со што би комбинирале? со која боја на блузичка?
дали ми се свиѓаат-не не се мој стил дефинитивно како би ги искомбинирала веројатно некако вака еве иначе и други идеи http://www.polyvore.com/cgi/thing?id=117337070&tab=sets
Не ми се свиѓаат ни мене, иако гледам многу ги носат. Можеш со еднобојни блузички: бела, тегет, плава, црвена...
Јас носев крем панталони,една летна лелеава кошулка и сандали на плута,ама не беа многу високи. Твојава комбинација е супер.Можеш и некои едноставни обетки да додадеш и шибај
Мене ми се свиѓаат. Можеш со бела, жолтеникава, креместа, каква било маичка да и комбинираш. А за обувки, одат убаво со светло сини патики и со црни. Исто, и со циклама маичка одат предобро.