Женски си купив ваква сукња од Теранова и не знаев со шо горе да ја носам, имам исто вакво блуза со еден ракав како ова на сликата, но добредојдени се било какви идеи Мислам со црни салонки да ја носам
јас би ја носела со некоја маичка во посветла боја,розева,крем,црвена,бела а на нозе не ми одговараат црни салонки може нешто како маицата боја..а ако имаш блуза како на сликата мислам дека ќе одговара
^ Имам ама не е кроп топ туку е обична со еден ракав е само, ама мислам материјалите не одговарат, пошто таја е малце како подебела
^Јас сукњата најубаво можам да ја замислам со бела или црна маичка која не е уз телo,внатре ставена и потоа малце извадена.Не знам дали ме разбра вака мислев: Спојлер Знаеш на што мислам,нели..?
^ Да те разбрав ,Инаку ќе ја носам со кошула иста боја, како сукњата мислам дека убо стој, ќе ставам слики во модни критики
Со фармерки - светли и еднобојна маичка, бела, црна, сина, крем, сива некои неутрални боички бидејќи патикиве се впечатливи. Можеш и со хеланки и подолга маичка.
Dali bi nosele skroz bela bluzicka,farmerki,bela tasna i crni patiki? Za zal beli patiki nemam.. Imam beli sandali,ama pa poladno koga ke bide kako.. Tasnata e kako so cvetcinja.. I uste prasanje dali e demode da se nosi vo sred zima,tasna so cveten dezen? Ili pak kosula nekoja takva?
Црните патики одговараат на сѐ, со нив речиси никогаш нема утка, кога се работи за секојдневните комбинации. А цветните ташни и кошули не се демоде воопшто, ама мене лично ми се пролетно - летно парче и ги пакувам во плакарот за до тогаш. Не знам, можеби зависи и од принтот, ако е поситен и понежен можеби би искомбинирала кошулка со плетен џемпер одозгора, но ако ептен се познава дека парчето е летно, тогаш би го оставила за соодветната сезона.
Јас не се согласувам дека црните патики на се одговараат, посебно во оваа комбинација, со бела блуза и бела ташна. Подобро ташната да ја смени во потемна. Не е демоде да се носи цветен принт во зимскиот период, само боите треба да бидат соодветни на сезоната, не сега нешто што очигледно треба да припаѓа во летото
Да, точно, но понекогаш изгледа убаво кога се комбинираат различна боја на ташна и обувки, а посебно со ахроматските тонови мислам дека и нема простор за некоја голема утка. Ако се вметне црно каивче на пример, можеби не би било до толку апла вметнувањето на црна ташна, но и во спротивно јас не би го сметала за некој којзнае каков прекршок. Нормално, да не се забега ептен и да се стави поелегантна ташна со спортски обувки.
Секако, во ред е тоа различна боја на чанта и чевли, но сепак се е до комбинацијата. За последното, и јас се мислам на каква ташна поточно мисли? Ако е ранец или нешто поспортско ок, но како што велиш, ако станува збор за поелегантна, тогаш едноставно не.
Предложете ми накит и фризура, како за плавуша со долга коса. (значи не јас) Значи дали пуштена косата , дали собрана само горе надоле пуштена, дали само виткана и дали накит голем, како што е модерен сеа и која боја и нормално дали само обетки или со гердан. Сите предлози се добредојдени, особено слики со идеи Фала мнннногу.