Имам црн комбинезон, како на сликата само корсет горе, и сега сакам да прашам, дали би одговарало кремово сако, и кремови балетанки, бидеќи е ладно да одам само по него... Ако не одговара, со што друго можам да го искомбинирам. Фала однапред.
Дали би одговарало сиво сако,бела маица без апликации,кафени панталони до глужд и темно кафени штикли? И ако може предлог за накит...
http://alyceparis.com/images/blog/2013/ ... _dress.jpg Каков накит би ставиле вие за ист ваков фустан но не чипка? Јас мислам ланче масивно и масивен прстен,не менѓуши. Мислење?
ако беше ист ваков чипкан би ставила некое нежно ланче и прстен,а ако е само моделот ваков некој друг материјал можеш гломазни ланче и прстен :up: :up:
Ако ти е косата соберена, може ланче да ставиш, но ако ти е пуштена, тогаш исто како Ким, обетки и прстен
Како да ги вклопам во секојдневна комбинација? Спојлер инаку моите не се валентино и се позаоблени кај врвот