Хеленки не е соодветен избор на облека за на школо, непристојно е. Малку ли други панталони и фармерки имате па што секоја втора иде со хеланки во школо? Одвратно е, оставете ги за искачање хеланките!
Жени ум немам што да бирам од фустаниве што се нудат во нашиве бутици. Се мислам кој да го одберам ама толку сум неодлучна тоа чудо едно. Ве замолувам за помош за ваше мислење ми треба за блиска свадба..
Мене црвениот фустан многу му се допаѓа и претпоследниот црно со бело Било кој и да одличиш нема да погрешиш
Мене вториот ми се допаѓа многу, само не знам дали со тоа ланче. А тој црно-бел исто така е прекрасен. Цвениот некако не ми се допаѓа, премногу те исцртува. Ама се е до вкусот. Ти за кој си највеќе?
Оф јас ако сум знаела ќе сум купе. . На сите мани му наоѓам црвениот не заради што многу оцртува е сега нз како би изгледало со мидер а и плус дека гол грб а имам големи гради проблем се појавува и за градник, не сакам назад со силиконски. А општо фустанот ми е убав. Пробав уште 4 плус од овие ама не ми дозволија да се сликам Вториот тоа ланчето и пликото ми го даде продавачката да сум се видела дека поубаво изгледал фустанот побогато инаку не со тие сигурно
Сакам да прашам... Значи ќе носам такво бело блузиче чипкано,тесно само внатре во суќната ќе биде,дека е подолго малце од тоа на сликата.Горе ќе носам исто таков тексас,а доле таква суќна само малце по дреч розево,и да по друг е малце матријалот..И бели стартки исто така.Ама,се мислам какви хулахопки да носам.Дали месо боја или бели? Предлог?
Дефинитивно месо боја. Како што сфатив комбинацијата е иста како на сликата и според мене не би одело со бели хулахопки.
Според мене дефинитивно последниот т.е црниот со бело, мене ми е преубав а и најубаво ти стои. Црвениот не ми се допаѓа а и не ти стои најдобро. Ама црниот
Мими123 мене најмногу ми се допаѓа вториот фустан само без ланчето. Не иде ланче на ваков фустан поради прерамките. Некако најубаво ти стои овој фустан, те истенчува и со прерамките баш изгледа супер. Ако може и без каифчето уште подобро, ама дефинитивно без ланчето. Можеш да го искомбинираш со ташна и пликче каква боја сакаш, со црвеново пликче и такви чевли ќе изгледа топ, или со црни чевли, а некоја друга боја пликче исто ќе биде супер. Наместо ланче одбери некои впечатливи, масивни обетки ако ти е собрана косата, ако ти е пуштена задржи се на масивен прстен. Ништо повеќе, ќе бидеш преубава!
Што има врска и да си целата во црно, носи си слободно. Ако веќе сакаш да разбиеш облечи прозирни хулахопки наместо црни или некои со шара и готово. Јас обожавам целосно црни комбинации.
Јас искрено не сакам целосно црни комбинации,па можеш да ставиш некој накит во боја или друг детал во друга боја за да разбие монотонија.