Јас сум за црно белиоѕ.Значи најубаво ти стои од сите,не е обичен,истскнува се што треба и баш личи како за на свадба фустанот.Мене најпрекрасна си ми во тој!
Фала ви.. Повеќето се за црно белиот и на форумов и надвор од него Црвениот го исфрлам готово, сега ми остана да се мислам меѓу другите три. Еднаш си викам црно белиот да не ме прави постара, а и цената му беше најсолена за една вечер да го износам и да го спакувам не ми се даваат мене, ама мајками дарежлива ми е вика не гледај цена Тегетот со златно е ист модел како црно белиот само горе што е различен. А скроз црниот е материјал како црвениот само можи дека поширок не оцртува толку. Знам дека тие во хороскоп што се ваги си имаат проблем со неодлучноста ама јас сум најлоша бе за еден фустан се мислам цел месец не па нешто друго да е во прашање
Црно белиот дефинитивно е најдобар и најдобро ти стои.. И повеќето се за него, исто така и јас и добро ти стои на фигурата.
Мајка ми постојано ме изненадува со некои чудни парчиња облека... утрово ме подновила со боди (срце ме фати кога го видов) Многу од парчиња кои ми ги купува не ги носам (не знам како да ги комбинирам) па малку се подналути утрово кога и кажав дека не планирам да го облечам... ме фати жал па решив да му дадам шанса на бодиво, па и на неа па цел ден мислам како, со што да го комбинирам.. некоја комбинација?
Ако не сакаш да му дадеш секси шанса на бодиво тогаш мој предлог ако е бело одоздола бел градник, бела маичка, да знам дека е лошо под боди маичка ама јас не би го носела само со градник. Здолниште со висок струк или фармерки, панталони. Или можеш под маица со деколте, да го облечеш па да ѕирка малку.
И јас мислам најдобро со бела маичка на рамки одоздола или пак со месо боја маичка. Врз него исто можеш сако некое да облечиш и нема да изгледа толку разголено.
А од оние bralettes што се носат под проѕирни маички? Извини, немам појма како се вика на македонски, гуглни да видиш на што мислам Може да изгледа кул, и со нешто со висок струк одозгора.
Девојки здраво, јас сум нова на форумот и ве пратам долго време, искрено ми помогнале многу совети од вас, но мислев некогаш дека ќе е потребно и да поставам и јас некое прашање и да побарам помош затоа што ме фасцинирате! Затоа решив и јас да направам профил. Сега да не бидам оф-топик .. Купив фустан нешто сличен на овој но не знам со што да го комбинирам на нозете. Може неколку предлози од вас и за по кежуал варијанта со патики и за вечерно излегување? Фала ви однапред
Дечки, со што би ја комбинирале оваа кошула? http://www.ofofstore.com/images/Women/Ralph Lauren Long Sleeve Polo/IMGRL1596_01.jpg Ланче. сако, фармерки/панталони, сукња, било што....си ја купив, ама не размислив на што да ја носам. На црно сако некако непродно ми делува
Преубава е ! Јас би ја искомбинирала со цевка фармерки,би ја ставила внатре во фармерките ,а одозгора тегет или бордо сако убаво би изгледало мислам. Исто можеш и над неа еднобоен џемпер,во било каква боја и бела и крем може,и плава како линиите,тегет,црн и сл.Убаво би стоело сигурно а и сега многу се носи така, кошула а одозгора џемперче па крагњата да ѕирка само. Можеш и со сукња,црна уз тело со повисок струк а кошулава внатре да ја ставиш.Одлично би било
^^ Фала ви девојки ..мн добри комбинации ми предложивте. Ќе нурнам во плакар сега да видам што имам слично
Сакам да носам црно фустанче ( како вал е материјалот, со подстава одоздола, иди до над колена). Планирам да носам чевли црни, со танка штикла и плик црн. За накит не знам што да носам, се мислам помеѓу едни обетки висечки малку сребрени со црни топчиња, фризура пуштена. На свадба сум кај блиски па да ми дадете предлози, и дали комбинацијава би ми одговарала?
Комбинацијата ти е убава, но е премногу црно за блиска свадба. Можеш да ставиш некое тенко каивче во боја за да разбиеш монотонија, а со него да го усогласиш и накитот. Спојлер
@LittleChili Јас сметам дека е во ред,црното е баш елегантно и супер ќе ти прилега. Немој многу да се китиш,обетките би ти биле доволни иако мислам дека поубаво би одговарале ако косата ти е собрана.
Сакам да комбинирам црна кожна суќна со бел fluffy џемпер. Плус црн капут и црни јавачки чизми. За да ја разбијам монотонијата црно - бело сакам да внесам уште една боја (такви хулахопки и марама). И тука ми се јавува проблемот. Бендисав во Пенти едни хулахопки бордо со црно - бели линии (на нет кога ги гледав тегет-бели изгледаат линиите, во живо видов дека се црни), ама некако од една страна се премногу за мој вкус, а од друга страна ми се допаѓаат. Или да земам обични бордо со минијатурни срценца Плус бордо марама.