Преубаво е, на мајка ми заврши кај баба ми и неуспеав да си го земам. Ако сакаш можеш да ги извадиш потпунките ама гледам нешто пак во мода се враќаат Јас би го комбинирала буквално со се и сешто. Од фармерки, панталони, здолништа, фустани во сите можни бои. На пример, бордо панталони со бела кошула и палтово. Црни панталони, темно зелена маица и палтово. фармерки, блуза во било која боја и палтово. Не се ограничувај, пробувај со тоа што имаш во плакар со што најубаво ќе стои и верувам нема да згрешиш. Можеш и да ги подвратиш малку ракавите за помодерен изглед. Јас би го изнаносела, во глава триста идеи ми се вртат.
Девојки ај малце помош, имам една тесна црна суќна, со висок струк, со што можам да ја искомбинирам? Немам носено суќна до сеа, обично фустани носам, и затоа не знам со што се носи
По описот слична ти е како мојата ваква сукња.Само мојата плус има патент од горе до доле во средината,а исто сукњата е црна уз тело со повисок струк. Јас ја комбинирам речиси со све.Со кошули,но ги ставам внатре за да дојде до израз високиот струк.Бидејќи е црна може кошулата да биде во било каква боја,дури и со некој дезен да е.Можеш и со crop top,а одозгора сако во црна боја,тегет,бордо,крем и сл .. А и исто јас сукњава синоќа баш ја искомбинирав со поширок џемпер со паднати ракави,кој позади е подолг малце за разлика од напред и го носев над сукњата и ми се допадна како изгледа.А доле црни чорапчиња како плетени над колена и црни чизми рамни до колена.
Може ли да ми кажете, ве молам, како се вика на англиски тоа ние што го викаме целосно ? Значи, споени блуза и пантолони ?
светлиот тексас не е могу за овој преиод од годината, мегутоа доколку не е премногу светол супер би одело со црна висока чизма
Се сложувам со Пеарлс..Светлите фармерки и не ми се баш за овој период..но ако не се толку многу бледи и светли може да се носат 1-2 низ град со висока чизма! Инаку вицоката црна чизма оди со сукни,со пантолони во есенски бои,со темни фармерки,хеланки..супер!Но,кога веќе сакаш со светли,можеш и со нив
Ако твојот е нешто слично со сликата што ја имаш постирано(нормално во лилаво-сиво)тогаш можеш да го комбинираш со: -кошулче лилаво со бисерно ланче(од оние ''наџичканите''-побујните) -темни фармерки -црни високи чизми или пак: -црни хеланки -ниски чизми во боја на џемперов -и блузе подолгичко баш како на сликава -и долго ланче(оваа комбинација е слична како на сликата) Се надевам помогнав..ако ншто не ти е јасно,или не кдокажав..слободно кажии..позз D
Со многу работи, би рекла со се ама еве пример со фармерки со висок струк или хеланки со џебови на било какви чизми. Можеш елек некој со блузичкава да носиш, мислам добро би стоела некоја комбинација на кафеаво ама онаа дрво-кафеава боја не кремаста да дојде малце боја во израз или па бордо комбинација ми оди со бело.
кафено фустанче над колена тесно,карирана перолинка и чизми кафеави под колена каубојки? што мислите и нога боја хулахопке?