Overalls се панталони со прерамки, Jumpsuit се споени блуза и панталони (долги панталони), Playsuit се споени блуза и шорцеви. Барем под овие имиња се среќаваат на сајтовите од типот на Асос кои нудат облека.
Крем. Можеш и црни, но со оглед дека има златно, мислам дека крем добро би одговарало. Не претерувај со накит. Целосните ние ги викаме комбилизон, на англиски имаат повеќе имиња, jumpsuits, overalls, rompers.... Sfera не мора да значи баш дека е е стрикно така, сум видела на многу места overalls на етикетата, а производот е со долги ракави. Мислам overalls го користатат претежно за оние старите добри трегери ние што ги имавме, тексас панталони со трегери горе. Rompers и playsuit се најзастапени, најупотребнувани поими за денешниве комбилизони, целосни како сакате, без разлика дали се со кратки или доги ракави или куси или целосно панталони.
Бојата на чизмите и на чантата што ги имам е како на сликата . Иста таква боја капутче,палтенце,вентијага ,јакна ,џемпер ама баш никаде нема .Има кратки скаени ама за во зима ладно е а комбинацијата за зимска ја планирам Со кoja друга боја да искомбинирам?
Немора исто како оваа боја да е капутот,јакната или џемперот.Баш напротив поубаво би било да се разбие монотонија со друга боја.Пример црна или пак бордо боја ,одлично би стоела со таква боја на ташна и чизми.
Покрај црна или бордо, може да избереш и тегет за капут, јакна или џемпер која добро се вклопува со чантата и чизмите.
Со било каква кошула Чипка би бил еден од подобрите избори Или па некоја поедноставна блузична со повпечатливо ланче
Јас најчесто ги комбинарам со некоја кошула и крзнен елек,или капут,со некој поелегантен цемпер,со сако ... Еве неколку примери како можеш да ги искомбинираш . А и да напоменам со убава елегантна тексас кошула одлично стојат исто.
Комбинирај со долга кошула под задник, елегентна, од оние свиленките со сако одозгора. Или пак со краток топ и одозгора некоја елегантна наметка, долга откопчана кошула или марама/шал. Нешто од интернет, но не се стрикно води по ова, комбинирај со нешто што го имаш што сметаш дека е за во поелегантни пригоди.
Незнам дали е за тука на др место не може мислам, ама ќе прашам. Дајте ми предлог за нова год што да искомбинирам што да носам, јас сакам некоја сукња глок што се носат сега овие кратките со горе некое делче кратко до половина што е знаете на што мислам како да објаснам само да не е корсет на кимони да е на рамки така нешто сакам да носам е сега да ми даде некој идеја со слики па да видам, итно ми е има уште две недели само, да си бидам спремана јас, фала мн позз.
@susi јас не ти го сфаќам прашањето, ти го имаш и здолништето и топот веќе купено, не ми е јасно за што бараш совет? Накит, ташна и чевли? Убава е комбинацијата, носи нешто одозгора како наметка да не замрзнеш. Ако не си ја купила а планираш, јас мислам да одиш со таа комбинација, океј замисла.
Немам купено ништо затоа барам идеја па да купам, нез како си ме разбрала , ако имав купено сигурно не би барала совети нема смисла.