Кажете ми дали е убаво фустанчево и дали одговара со каишот , инаку доле планирам со кафеави салонки да го носам.
Mене ми се допаѓа вака заедно со каишот, можеш само некој аксесорис кафеав да ставиш (обетки и на раката нешто..)
Супер е многу убава комбинација а во каишот се заљубив преубав ти е и баш убаво си одговара со фустанчево плус и рече со кафени салонки ТОП да си го носиш супер ти е
Скај ми се допаѓа фустанчето, ама не ми иде некако со тој каиш. Ако веќе е многу широко и треба каиш, пробај со некоја боја од тие на фустанчето. Со кафеавово мене не ми одговара некако.
На фустанот има портокалова боја , бела и кафеава. На местото на каишот има ластик ама без каиш не ми се допаѓа , ќе пробам и со друг каиш . И плус да напоменам не ми е убаво наместен ни фустанот ни каишот.
И на мене не ми се допаѓа со каишот некако фустанчето е со повеќе бои, а и каишот само по себе е специфичен можеби поубаво ќе стои поедноставен.
Леле мене па ми се виде ко да е со златно,црно и бело Ама на слика поинаку испаѓаат боите, затоа... Како и да е, пробај си повеќе комбинации (со различни каиши, со различни хулахопки итн.) па ќе видиш како си се свиѓаш најмногу.
Со што би можела да го комбинирам ланчево ? Многу ми е чудно. Не е ни пресвечено, ни па е за поопуштени комбинации. Обично ланчиња носам со алка бидејќи со обетки понатрупано ми доаѓа, ама во случајов не знам ни што алка да ставам.
Скајче убаво е фустанчето и многу колоритно, со дебел каиш мене не ми оди, а каишот е убав сам по себе. Ако веќе сакаш каиш оди на варијанта тенкичко да е, кафено или црно Иначе Вајлд ланчето е убавко оди на се, нека не те ограничува. И не мора да носиш алка, земи си прстенче. Па ни тоа не мора. И не мора ист да ти е накитот какво ланче таква алка и такви менѓуши, во денешно време секоја комбинација е дозволена
е имам црно такво тенко каишче , се мислев ...ама каишот многу малку го имам носено па затоа сакав да пробам. Па за да не утнам ве прашав вас. А што да ставам од накит , јас планирам дрвени кафеави алки. И ептен ли ми е шарен фустанот паа
Како би го искомбинирале ова и дали ВООПШТО би го носеле? Го купила макјка ми за 100 тина денари и оттогаш стои вака стуткано во фиока. Стварно незнам како да го искомбинирам, а си мислев да го пресечам и да го носам како обично маиче Што би ми предложиле???
Јас не би ја вадела чипката... Со некои црни на плута високи сандалки, за вечерна прошетка, до парк, ваму таму, за вечерна прошетка на одмор е супер.... Не ми се допаѓа за преку ден, ама за вечерни кежуал прошетки зашто да не... Мој совет не ја сечи, маички сигурни имаш многу, ова може поинаку да ти послужи, само и единствено со едноставни секојдневни сандалки, по можност на плута ко што реков...
Леле браво за дизајнерот! Ама комбинација направиле од маичкава - памучна маичка со чипка бе И јас мислам да ја извадиш чипката, маичкава ми е многу кежуал па дури и спортска, па ич не ми иде со чипка.
Јас не би ја вадела чипката. Можеш да го носиш со тесни фармерки и високи сандали ( на плута или некои други неелегантни ) и палтиче тексас или блузичка. Можеби убаво ќе стои и со балетанки. Пробај комбинации, ама немој да го сечеш, интересно е
Лакигрл, јас мислам да ја извадиш чипката. Ич не ми оди со апликацијата на маичката Скајче, супер е фустанчето, само послушај ја Росонерка