Ако ја нема црната наметка горе што е на блузата, или што и да е тоа мислам дека би можело да носиш, а вака не.
Можеш ушници во вид на круг или пак квадрат ама да бидат поголеми, повпечатливи (залепени за уво) исто така можеш прстен, исто така со некоја геометриска фигура ама поголем Не сум за ланче само
^ Убава е носи си ја. Можеш да ја комбинираш со што сакаш, блуце некое со чипка или кошулче некое елегантно или овие со голо меше блузите што ги носат во последно време со 3/4 ракави и накит по желба. Убава е лесно се комбинира.
Ова фустанче го купив за Нова е сега незнам со каква боја на птикли и пликче да го комбинирам а и накит? Црни не сакам да н е е многу затворено се во црно. Ај ве молам советии ...
зависи за кој модел станува збор но ме верувам дека се чиста кожа бидејќи чистата кожа е малку поскапа
Не верувам дека се чиста кожа. Но доколку сакаш кожни чизми, зашто не појдеш во Biana Shoes ? Каде и да живееш, мислам дека треба да има продавница која носи нивни модели. Јас имам кафени високи чизми чиста кожа и многу сум задоволна, но цената не е баш ниска. Моите се пет илјади и нешто, а сега исто си земав ниски црни за три илјади.
можеш со црвени или кремасти штикли да го комбинираш, ако носиш кремасти или ете црни штикли би ти одговарало убаво големо црно-златно ланче какви што се носат сега, јас си го замислувам моето ланче еве слика за пример ...а плик можеш и црн
убаво иде и со фармерки, една другарка носеше така и со кафеав каиш, кафеави чизми и џемперче одозгора на копчиња, да не го видев тоа на неа ќе мислев дека не излеа убаво
http://www.bershka.com/mk/en/shoes/sale/woman/bershka-basic-high-boots-c1060533p5190007c040.htm на овие мислев