А што фали вака со црните како на сликата? Баш се убави и совршено одговараат. Јас би одела со овој фустан и чевли, пликот не мора да биде црн, може да биде и златен. Косата би ја собрала и можеби би ставила златна боја обетки. И задолжително би ставила црвен лак. На овој модел не одговара ланче како што ти предложија, бидејќи акцентот му е на задниот дел, и таму веќе има златен елемент. Доколку ептен сакаш да не носиш црни штикли, мое мислење е да пробаш со златни , или пак ако ти е пресмело со златните, тогаш со комбинација од црно и златно Да го немаше златниот дел позади и јас ќе ти кажев црвени или крем, меѓутоа со него некако мислам дека нема да има складност во целата комбинација ако носиш црвени штикли. Остави ја црвената боја за ноктите и усните. Тоа е моето мислење и како јас би го комбинирала овој фустан.
Девојки да ве прашам дали се добри овие чизмички за носење за нова година на фустанче..и бидејќи утре ќе купувам фустанче какво да барам за да ми одговара? некое со златни детали би одговарало ли? незнам која боја да доминира.. ама ќе мора и црна да има ... еве ги чизмите: https://fbcdn-photos-f-a.akamaihd.n..._=1429165285_1ac7c3633f368d6ceabe3ba01d37c4a0
да да у право си јас не го приметив тоа позади дека е од фустанот, не загледав добро,значи нема да иде ланче плус бидејќи ќе има 2 одпозади. мене најмногу ми се свиѓа со црните што си ги има или овие вториве како на сликата убави се ама немам сретнато вакви и јас би си купила...исто така би идело да носиш долги златни менѓушки и фатена да ти биде косата ии супер
Искрено јас обожавам дебели хулахопки во боја но за денски а навечер само проѕирни ... незнам зашо ама ич не ми се допаѓа кога ќе видам шарени хулахопки на фустан каков и да е .... Така да според мене проѕирни
Здраво женски, Имам вино боја фустанче и се мислам дали да го искомбинирам со тегет шпиц штикли? Ваши мислења? Фала однапред
https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/originals/33/19/ce/3319ce58e8fb223a142c1a725a5c6ee9.jpg ова фустанче во црна боја со каков тип на накит?
@Yeeh Ако си сигурна во одлуката овие чизми да ги комбинираш со фустан, за изборот за златна боја едно големо НЕ. Моја препорака е да избереш нешто еднобојно црно или пак кремово.
На црно фустанче(со дебели прерамки и до надколена долго) и црни штикли одговараат ли црни хулахопки? Или повеќе одговараат месо боја?
Здраво женски, имам фустанче како ракавите на палтенцево, над колена, со 3/4 ракави. Како да го искомбинирам за на свадба ?
Можеш со црни хулахопки и црни чизми на штикла до глужд.Но ако не сакаш со чизми до глужд можеш и со елегантни црни салонки. А горе некој убав струкиран капут или пак бунда. А накит, бидејќи фустанчето е карирано, немораш премногу да ставаш.Можеш или некое понежно ланче со мали менѓуши или пак некоја убава поголема алка само или пак поголем прстен.
Црни чизми на штикла немам, бидејќи не носам. Имам крем палтенце до над колена, имам и крем салонки, само незнам тие колку би одговарале со црните хулахопки.