Ако додаше аксесоар:ланче,марама или венче,обетки како балетанките ке добиеш убава комбинација бар по мене.Свежо,ке излезеш од шаблон и ке разбиеш монотонија.На црни панталони одговараат мн бои,немора стрикно црно на црно.А и топло е веке така да идат и такви бои Ташната е зара? Мн е убава
Сепак се одлучив за црните салонки, иако не сакав штикли за оваа прилика. Тука на сликата балетанките изгледаат портокалови инаку се праска боја и дел од цветовите на блузата се со таква боја заради тоа и размислував да ги носам, ама сепак не сакам многу мешање на бои и ќе одам со црно. @joy1 Ташната е од зара и е реверзибилна, може да се носи од две страни.
http://shop.mango.com/MK/p0/women/c...nos&ident=0__0_1430389754236&ts=1430389754236 Како би го искомбинирале ??
Нема што мн да се комбинира.Самиот модел е една комбинација.Би додала ланче некое повпечатливо бидејки комбинезот е црн.И не би балетанки туку убави сандали пошто ми е малце по дамски и по како за вечерни излегувања,не ми делува спортски и лежерно. Ташна плик или некоја мала со долг синџир.
Можеш да го комбинираш со секоја боја што ќе ти падне на памет. За овој период најдобро би било со класични црни салонки и сако во некоја друга боја. Ако се одлучиш и за црно да биде вметни масивен накит во јаки бои или пак впечатлива чантичка. Исто можеш и со тексас палто, баш ќе изгледа кул и ќе му дадеш малку кежуал изглед Експериментирај, лесно е за комбинирање.
^ Се согласувам, моделот е навистина убав. Јас би додала сребрен колан и убави, долги обетки заедно со некоја впечатлива нараквица, ланче не би носела, би оставила да дојде до израз вратот и клучната коска. Исто така, би додала и црни stilletos, откако ја отворив сликата, веднаш ми дојдоа на ум.
Убаво би дошло со вака некое подолго, нежно ланче во комбинација со повеќе прстени Штикли и ташниче во крем боја Ако си љубител на оние "залижани " фризури можеш и така со некои впечатливи обетки и прстен
Девојки, утре сум на свадба, кај на дечко ми другар од средно..искрено јас не ги ни познавам младите и навистина ми е незгодно што ќе одам, но дечко ми не сака да оди без мене, а башка и детето на поканата го пишало и моето име (инаку и некој 3 братучед му паѓа). Кажете ми дали ми одговара ова фустанче да го носам на свадба? на тело стои навистина елегантно но пак се двомам, не знам како да го искомбинирам. Ново ми е, ниту еднаш не е облечено. Ракавите се онакви свиленкасти проѕирни, што мислам според тоа би одговарало за годишново време, бидејќи е ноќна свадба, а и само за во ресторан ми треба. Јас се размислувам за црвени штикли (не се шпиц, туку со мала плута напред, но со тенка штикла позади), црвени обетки и црвена ташничка, или пак бели бисерчиња обетки и алкичка и црни штикли и ташна. Инаку фустанчето е бело, со темно тегет повеќе кон црно би рекла. Фала ви бескрајно на помошта, знам дека во 5 до 12 пишувам али со обврски сум па сега се замислив што да комбинирам.
Девојки како што пишав во темата Што последно си купивте? непланирано денес ги купив овие фармерки. Сега се мислам како да ги комбинирам? Една комбинација што ми доаѓа на ум е со бела маичка или кошулка, или бело-црно во риги маичка, camel балетанки и ташна, одговара? Други бои кои доаѓаат во предвид? Секој предлог е добредојден Спојлер: Фармерки
Bas ubavo bi odgovarale so crno bela maicka na rigi ,a i so bela klot sekako. Ubavo bi stoelo i so mint boja maicka,teget,a i so maicka vo boja kako kondurite na slikava(nezno roze).Isto taka mislam deka i so krem boja bi bilo ubavo,a odozgora so teksas kosula isto bi stoelo super. Specificna im e bojata,no mnogu ubava.
И маца сакаше да се слика Сакав да прашам што мислите дали ми е добра должината на суќњата или малку да ја скратам? 160 сум и во двоумица, бидејќи тешко дека освен со штикли, би можела да ја носам на ниски чевли. Што мислите вие?
@Sfera јас не можев да ја видам маичката што боја е, ама ако била црна или бела или сива како ташната јас не гледам зашто не одоговараат балетанките, баш штосна би била. Знаеш зависи од човек ама мене во последно време почнаа да ми се допаѓаат комбинации ептен со еден дел од облеката да штрчи, да се истакнува. Кај тебе ова балетанкиве вриштат- ПРИМЕТИ МЕ
Јас би ја скратила бар точно до колена да дојде.Оваа должина не ми се допага.И јас сум таа висина некаде и ја замислувам на мене и некако не ми иде
@kjukli Избегнувај должина на здолништа (како ова на сликата) кои визуелно ја скратуваат твојата фигура. Колку и да е убава облеката, на секој од нас создава различен впечаток врз основа на телесните пропорции. Најдобра должина за твојата висина е до колената. Ова ти го кажувам од лично искуство затоа што и јас сум на таа висина.
мислам дека ако облечеш нагоре тесна обична црна памучна мајчка без ракави или некој црн топ дека визуелно ќе направиш издолжување на фигурата и ќе можеш да ја носиш на ниско со друга боја или пак затворена блуза никако
@joy1, @poenta, @simicka, Ви благодарам девојки на советите. Јас сакав да ја скратам, но мајка ми инсистира дека сум можела и вака да ја носам, па сакав совет плус.
Девојки, за матура си купив краток, тесен, фустан со чипка. Праска боја. Какво палто/сако/наметка би ми одговарало?