Можеш и крем сако, можеш и бело, или црвено бидејќи супер оди со праска, и можеш дречлив црвен накит.
Јас мислам со бело сако убаво би стоело, а ако не најдеш такво сако можеш и со шамапањ боја шал/наметка
Вака, на изглед, па и удобност, симпатични ми се шорцевиве, па најпрвин сакам да прашам дали воопшто би носел некој вакво нешто? Да не е „бабски“ малку принтов? И друго, како би ги искомбинирала овие шорцеви? Немам никаква идеја. Инаку направени се од некој полу-свилен материјал, може да се забележи и по отсајот. Благодарам однапред девојки.
@Moonstone.17 , јас лично не знам дали би ги носела, некако не ми се допаѓа ни бојата ни принтот. Но ако веќе решиш да ги носиш, би те советувала да ги скратиш "ногавиците" до крај и да го смениш ластикот. Многу широки ми изгледаат, се надевам дека по преправките би се подобрил изгледот, за да наликуваат вака: Се надевам дека ти помогнав!
Каков накит шминка и фризура би ми одговарале на фустанот? ( за матура, инаку боите не испаднале убаво, златна со тиркизна се ) и да, прерамките не се од него, и треба да се скрати малце
Јас би ти рекла златни сандали и ташна исто така, и можеш некој минимален накит, пр. златна алка и обетки, или некое кратко и тенко златно ланче. За фризура би одела со некоја пунџа, посебно ако сакаш да танцуваш цела вечер.
И јас сум за златни сандали, ташна и евентуално златна алка. Горниот дел од фустанот е доволно накитен и мислам дека нема да трпи уште златни додатоци (мислам на ланче), а за обетки би можела да ставиш.
Си купив фустанче ама сега се двоумам пошто незнам што обувки да си купам. Ај дајте ми некој предлог. Иначе фустанчето е бело со темно плаво. Еве и слика. Спојлер
Ubav e mnogu. Od obuvki imas golem izborkoi bi odgovarale so fustancevo.Primer baletanki,crveni,teget,beli,bordo,krem...Isto taka,vo istite boi i sandali.Ubavo bi stoel i so flat sandals i so sandali na platforma,stikla...Zavisi za koja prigoda.
имам слично фустанче и сум го носела и со балетанки, и со ниски сандали и сандали на платформа и лично мислам дека со сандали на платформа највеќе одговара
Здраво ако може совет повикана сум на матура кај братучетка ми планирам да комбинирам вака па би сакала совет од вас. Карирано сако од оние подолгите како на сликата такви се боите, фармерка темна со висок струк, ногавиците подвиткано малку, црно мајче и сандала темно плава ко на сликава што мислите за комбинацијава и каков накит да ставам
Супер ти е комбинацијава, и јас се сложувам само обетки стави од накит ништо друго не ти е потребно. И сина ташна или црвена..
Со најобични пролетни и летни комбинации, од фармерка со некоја интересна блуска, можеш исто со бели панталони, кратки било какви панталонки и маичка, некое интересно фустанче или сукњичка, единствено што треба да запомниш е дека треба да бидат кежуал.
Ми треба итно совет за апсолвентска си купив фустан со паднати ракави е сега незнам каква фризура би одговарало на него би ве молела за мала помош е сега фустанот не е ист ваков меѓутоа го ставив за пример од прилика како изгледа во ракавчината...
Многу ми треба ваква ташна, а и ми се допаѓа по големина и изглед, само незнам дали ќе одговара на мојата облека. Дали би ја носеле ако носите фармерки и патики, но не оние спортски како за трчање туку „кондура патика“? Мојот стил е кежуал/спортски/рокерски. Како би ја комбинирале ташнава кога би ја носеле секој ден?
Зошто да не, не е многу елегантна за да не може да се носи баш е како за секој ден, за на кафе/факс/работа.. Moжеш било како да ја комбинираш, со шаренко фустанче и црни патики на пр. или фармерки и интересна маичка. Имаш голем избор. Разгледај слики по гугл. Има супер комбинации