Девојки добро ли е црна маичка на рамки, плави фармерки, плава ташна и кремасти балетанки? Кажувајте брзо итно е.
А да сменам пример да облечам маичка рамбовка иста боја како балетанките, ташната и фармерките иста боја и бели обетки и обичен саат?
Феминки треба да одам сега на свадба во јули и што мислите како да се облечам? Сега брзо ќе правам 13 години. Јас мислам да купам некое посвечено фустанче, може малце помош?
Како да ги искомбинирам овие две ланчиња,ѓердани? ѓердан со бели бисери со разна големина и овој синџир
Девојки ај ве молам за помош,се мислам и никако да се одлучам.Во јули сум на свадба и искрено се мислам што да носам,не сакам многу свечени работи,се двоумам помеѓу ваккви панталони како подоле(ептен имам мерак на вакви,иако никој пат не сум носела па незнам како би ми стоеле) со некој кроп топ,или пак да земам некое фустанче.Ај ако може ваше мислење,незнам дали ја погодив темата ама супер ако можете да ми помогнете да се одлучам.
Девојки дали е срамота да облечам вакви чорапчиња со штикли ако е кажувајте лек нозете ептен ми се потат и ми се лизгаат надоле ме разбирате нели
Jas iskreno ne bi oblekla,mnogu ke se poznavaat sigurno. Inaku te razbiram potpolno,narocito sega na gorestinive.
@Umbrella22 земи си силиконски подметки (влошки) како ги викаат. Се ставаат на средина како иде од чевлата за да не се лизга ногата и падот не паѓа директно на прстите зависи какви носеш чевли. Јас вакви често корисистам дури и на хулахопки.
Проблемот е што мене маалку ми се големи чевлите пробав и со влошки и со се и џабе е ми се лизга ногата надолу пробав со вакви чорапчиња и таман таман ми се, ниту ми се лизгаат ни ништо и скроз таман ми се така.. Ќе носам црни штикли иначе..
@Umbrella22 ако се отворени чевлите напред на прстите, со било какви чорапи изгледа невкусно, барем мене не ми се допаѓа никаква комбинација на отворени чевли- сандали со чорапи (ако ви текнува на оној тренд кој беше актуелен до пред некое време) или пак хулакопки. Ама ако носиш салонки, јас мислам и дека нема да се гледаат овие воопшто. П.С. Пред некој ден во Тинекс купив свилени доколенки и ги зедов првите кои ми беа при рака. Сосема случајно, а забележав дури дома дека тие всушност не се чорапи класични, туку на прстите се отворени. Ако носиш долг фустан или фармерки и овие можеби ќе ти завршат работа.
Да беа отворени ни јас немаше да ги носам така и мене ми е ептен глупо Ќе носам краток црн фустан.. Оффф Еве ги чевлите Спојлер: чевли