Ти благодарам.. тогаш да прашам и со каков накит да го искомбинирам значи на бело фустанче со златен каиш и црни штикли и чанта каква боја да биде накитот што мислите ? )
Или пак уште подобро ако имаш кремави штикли и чантичка со златно каивче и златен накит. Чантата и не мора да е кремава, убаво би одела и златна чантичка од оние помалите, што имаат како место за да се стават четири прсти ( ама објаснииив, се надевам ме разбра)
Не знаев каде да го поставам прашањето При чистење дома си најдов едни штикли купени дури бев средно, но многу ми се кнап сега и ептен ми се лесни, ми е глупо само да не се помината мода. Шо викате вие?
Обетки некои нежни да не бидат големи,може бисери на пример Затоа што горниот дел на фустанот е убаво украсен и мислам дека ланче нема да одговара ,за чевли баш не ме бидува да давам совет ама еве ти пример за некоја фризура ,па можеби нешто ќе ти се допадне
Ваквиот модел никогаш не излегува од мода пошто се класични, се носеле и пред дваесет и пред педесет години, ќе се носат и сега.А, ако ти се згодни и убаво ти стојат кому му е гајле за модата, па не можеме сите да бидеме робови на модата. Само ако можеш некако тргни го тоа напред некако е гломазно и го груби целиот модел.И интересно би изгледало да ги обоиш одоздоле со црвена боја или црвен лак, да изгледаат како Лобутинки. Ваква ми е идејата дека би изгледале: Ама и не мораш, твое си е.
Претпоставувам освен што е ваков моделот и бојата е бела исто така. Па со бело би било убаво накит и чевли во мастило сина боја, бордо или тегет. Но и со било која др. боја. Јас би одела со менѓуши како на сликата, помали ,дискретни и нежно ланче исто такво , бидејќи отворот напред е поотворен па би можело и ланче, но и не мора. Ако не ставиш, освен менѓушите можеш и алка некоја. Сандали би биле убави со тенко ремче напред и горе кај глуждот, без големи платформи и сл. А за фризури се сложувам со сликите на феминката горе. А и пунџички ниски ,во комбинација со некоја плетенка одлично стојат.
И Јас размислував за то да го извадам ама не можи сошиено е скроз на нив, а ова со црвеното е интересна идеа
@Cka Ако фустанот ти е таква боја како на сликата одговара со секакви чевли , од накит јас мислам само сваровски обетки некои нежни да носиш од фризура онаа на Викии втората слика е мн. убава девојката со сини очи , а од чевли еве можеш од овие модели , бојата ти ке си ја одредиш како што кажа Миранда одговараат на оваа боја и бордо и тегет и мастило , и сите можни бои црвено убаво ке стои тиркизно исто крем и розе боја .
Ova fustance planiram da go nosam na svadba, nekoja ideja plus za nakit, frizura,inace sandalite ke mi bidat kremovi.
Те цитирам затоа што фустанчево е сон! Од накит апсолутно ништо да не носиш, можеш само да го уништиш со накит. Единствено можеш со две-три дискретни сребрени прстенчиња и малечки убетчиња. Ни фризура ништо посебно не ти треба. Една ваква и фурај. Навистина, што и да ставиш плус на такво фустанче само ќе го уништиш ефектот. Јас просто се заљубив
Итно, нај итно ми е потребна помош од вас драги мои феминки! Не оваа сабота, другата сум на свадба кај многу блиски роднини на татко ми. Многу! Фустанот ми е готов, денес бев на проба и едноставно сум заљубена во него! ЗАЉУБЕНА! И покрај тоа што некои не ми го бендисаа, отидов и сама си го порачав и денес кои звуци ги испуштив од воодушевување кај шнајдерката, не сум можна! (Знам, се изнафалив ама неможам да издржам. Тоа беше таа љубов. Љубов на прв поглед!) Еве ја мојата љубов. Фустанот на девојката од мојот аватар. Должината е малце подолу од колената. Ви се свиѓа? Е сега, закажав за шминка и фризура ама има еден проблем. Незнам што да правам со косата. Шминката ќе ми биде како на сликата, ама косата?! Хелп феминки. Предложете ми нешто убаво, што би одговарало на овој модел на фустан. Разгледував, ама ништо не ме фати за око, па секоја ваша идеа е добредојдена. И уште нешто. Утре одам низ град да си барам ташничка и штикли. Накит мислам дека не ми треба никаков. Каква ташна и штикли би одговарале? Ве молам, ве молам, ве молам за предлози!!!
Што боја е фустанот , мене ми се допаѓа фустанот ако горниот дел е чипка ваква е или поразлична само јаката не ми се допаша , каква боја е ?
Колку е само прекрасен фустанот, обавезно ќе чекам слики во модни критики. Инаку за косата мислам дека нешто елегантно и обично ќе стои најубаво. Нешто во стил на ова... Така да ти биде соберана, не премногу високо бидејќи нема да изгледа толку убаво.
Фустанот е ваква крем боја, можеби малце потемна од сликата. Чипката е многу слична, скоро идентична.