Според мене, за да избегнеш невестински изглед избери штикли и ташна во впечатлива боја. Лично, би избрала смарагдно зелена, но и црвена и кралска сина би одговарале. Би стоела понастрана од бели, крем, златни или сребрени штикли.
Еве некои фризури , се надевам колку толку помогнав , не ми кажа дали фустанот ке има јака ? Можеш само ептен мали обетки да ставиш , друго не ти е потребно , а чантата и штиклите нека ти бидат во друга боја.
Одскокнуваат од стандардните скини џинс затоа се мислам Една познаничка ми рече звонарки не се во мода веке хаха
Можеш: -Фармерки со висок струк -Бела мајчка обична(отворена) -Карирано кошулче И сето тоа истото можеш да го носиш само да мењаш бои Ми се допаѓа лично стилов,убаво и едноставно,еден од омилените ми е
Мене ми се допаѓаат и неколку години носам панталони ваков модел и секогаш добивам коментари дека сум ко од седумдесетите Најмногу ми се допаѓа како стојат со чевли кои имаат платформа, на ниско воопшто не ми се допаѓаат ама и се зависи од тоа колку си висока.
И мене ми се многу убави и баш планирам да си земам некои потемни, се прават многу убави комбинации. А дали се во мода или не, незнам, јас најчесто гледам да носам она што ми стои убаво. Сега не ептен демоде ама не се пикам во работи со сила што не ми стојат, само затоа што се во мода.
@joy1 , конкретно мене многу ми се допаѓаат фармерките. Инаку ваквите модели повторно се враќаат во мода, ги имам забележано во многу продавници, значи како дел од новата колекција, а не како заостанати, тутнати на излог само за да се продадат.
Па чевлите на сликата имаат каишки , мислиш без каишки ли ? со црн фустан можеш со црвен , тиркизен , праска боја мн.бои одговараат со крем.мастило
Со многу работи може, пример некоја едноставна маичка во една боја со некое нежно ланче или обетки. Сега кога времето малце заладува би стоеле и со некоја кошула на три-четврти или блузичка. Исто може некоја наметка да се досаде во целиот изглед.
Со каква боја накит и штикли да искомбинирам обичен бордо тесен долг фустан? Обичен е, се носи со големо ланче и има шлиц малце. Само да не е крем и црна боја, веќе видено ми е така.