Маслинестото го обожавам комбинирано со кафеава, ама онаа дрво кафеава. Некои такви чевли и чанта ептен убаво би одговарале. Може и со крем да се комбинира, тоа ќе ја отвори комбинацијата. Немој со црно, таа боја ќе те затвори,а плус и не оди со маслинесто.
незнам колку му е местото на прашањето тука , ама јас само сакам да видам предлози Си купив хеланки слични на овие , чипкани , црни ...незнам со што да ги носам , се само не целата да сум во црно ,,како гавран p.s и благодарам на девојката кој ми кажа за темава
Стронгер мене искрено со ниедна друга боја не ми идат, дека е чипка.А и баш со црни салонки, плик ташна и црна блузичка, коса собрана, многу елегантно ми делува.Пробај
Денеска се договорив со другарка да одиме на кафе ама незнам како да се облечам Знам ќе кажете облечи фармерки и блуза ама незнам што да искомбинирам ПС:Не излевам многу и затоа прашувам за сигурно
оди во дуќанот кај шо ги купи и замоли ги да ти ги заменат.... можи ќе ти ги заменат оти ти не знам дали можи да се стеснат ... зависи од материјалот.... да не ти се цепат после....
а имаш барем неколку опции?? вака што да искомбинираш никој не може да ти каже па не сме ти во плакар
Ами вака: Можеш да ги комбинираш со бел фустан или подолга блуза, или некој боја што е по на бело т.е не многу силна боја. Исто така јас би ги носела со потемен тексас ама сепак зависи од моделот. Чекај да видам слика, еве со вакво нешто Исто можеш и со џемпер во земјена боја. Тие хеланки можат да направат било која комбинација да биде по свечена.
Сакам да си купам сако црно, за да го носам со фармерки за вечерни излегувања.. Проблемот се чевлите. Имам црни лаковани салонки. Многу ли ќе биде крш ако ги додадам во комбинацијава ? п.с. какви хулакопки ? Очекувам ваше мислење и совет
Мислам дека баш ке биде убаво со салонките црно сако и тесни сиви фармерчиња.. Или нешто како на сликава
Девојки, ај ве молам давајте ми совети какви штикли и палтенце би можела да носам на ова фустанче, некако во дилема сум. Освен таква боја како него, каква друга би можела
A зашто да не одговара црно сако со лаковани црни чевли??? Јас не ти го разбирам прашањето. Абе чевла ко чевла големо чудо ако е лакована, ако е кожа, ако е крокодилска ова она битно е црна чевла-салонка. Не се ограничувајте до толку. Зар имаме средства да имаме 10 црни салонки во различни нијанси и материјали. Црно сако оди со СЕ. Јас обожавам да мешам бои јас би го носела баш со се. И ако носиш со црни панталони би земала ако имаш секако салонки во друга боја, мразам црна монотоност. И блуза можеш каква и да посакаш од нијанса до шара. Црното сако дозволува секакви комбинации. А лакованите салонки имаат само сјај, поелегантни и повпечатливи се од останатие обични кожни чевли. И тие не одговараат само со поспортски комбинации, си бара лакованото елегантност. А сакото тоа и го дава така да топ комбинација ќе е. Не се замарајте до детали. Иначе мора да признам најјаки прашања во темава ми се што да носам вечер? Ништо не носи, ние го знаеме твојот плакар од А до Ш да не речам и го знаеме твојот стил па ај ќе ти кажеме што да избереш. Оф свашта Сеси фустанчето е топ, јас не би го носела со крем дека многу бледо ќе изгледа целата комбинација. Многу мене ми се допаѓа крем и бебешно сино, ама реално немаме многу избор за таа гардероба и чевли тука кај нас. Со црно ецвентуално ќе изгледаш повпечатливо и поелегантно.
Сеси јас би го носела со црно или со циклама. Иако би те советувала на Polyvore да си направиш неколку комбинации со чинам имаше ваков фустан да видиш со која боја најмногу одговара. За Мандарина- Зошто не би одговарало? Се со се одговара само ако ти се допаѓа кога ќе се погледнеш во огледало
Ако имаш кафеави салонки и кафеаво палтенце. Или пак црвени... мене ми се допаѓа како стои кремастото со црвената боја.
Го гледам, го гледам фустанчето и му одговараат фактички сите нијанси на маслинесто, корално црвено, праска, крем, кафено, сиво- а мене упорно ми се врти во глава со рокерска јакна. Вака ми е многу свечено со нежни чевли и палтенце, сакам да е пооткачено па затоа сакам да соберам од вас некоја идеа плус