@mal.ecka јас би носела нешто елегантно, а сепак едноставно. Краток фустан, салонки, сако или мантил и минимален накит. Одбери си модел и должина на фустан кој најдобро ти одговара на фигурата, не мора да е шарен, но немој ни да одбереш црн.
Дечки како би ја искомбинирале сукњава ??? За околу 30 годишна девојка https://res-3.cloudinary.com/wlabs/...2611/6e22fb00-5c6c-4525-a845-1b55881ad0c6.jpg
Фустанов го купив т.е порачав и сега сосем очекувано проблем ми се чевлите. Што велите, би одговарале ли шпиц крем салонки? Друго не ми текнува ама баш ништо. Модата не ми е јака страна. Хорор. А еве овие салноки ги намерачив.
какви хулахопки да носам? (за имам закажано за утре така да прозирни хулахопки не иде во предвид) со каква боја хулахопки би одговарало? дезен? Ваков само долги ракави или имам тегет ваков раскроен
@SunnyGirl2 Ако го носиш црниот избери кафеави, а ако го носиш тегетниот или темно сиви или црни хулахопки
јас би го носела на кафе, не баш на некое вечерно излегување. Би го искоминирала со џемпер, тенко каишче, црни хулахопки и чизми(кратки-долги, your choice) и би ставила марама, или доколку не носиш марама, некое ланченце И да, би ја собрала косата во репче, пунѓичка некоја разлетена се на се, би го искомбинирала во некоја по casual варијанта
што да носам на свадба .... 2 пати прошетав во бутици во мојот град..ништо убаво не најдов... гледав на страните на бершка,страдивариус,теранова,спрингфилд....но и таму нема нешто посвеченко ...да ми предложите нешто ?
Мене ми е баш убаво и за вечерно излегување. Можеш со кратки чизмички до глужд и тоа црни,бордо,крем,кафеави,сите тие бои одговараат.Одозгора можеш подебело зимско палто или јакничка.Хулахопки,најверојатно месо боја. Исто така и со салонки ми одговара,пак истите бои. Накит-можеш некое подолго злато боја ланче,ама не од тие гломазните,туку некое понежно. Втора опција ти е прстен или алка. И бидејќи е затворен горе,можеш со фатена коса и некои убави обетки,не премногу големи,туку некои понежни.
@delevingne Пробај во New Yorker или Koton. Јас би ти предложила да искомбинираш сукњичка со некој посвечен, поелегантен топ. Мислам дека таму ќе најдеш нешто соодветно за твојата возраст, а да биде истовремено модерно и шик. Сега, зависи под 'посвечено' на што мислиш? Колку свечено бараш?
Па како за на свадба ... не ептен како тетка да се направам.... ми се допаѓа сукњичка и топ ама јас сум полничка ...имам стомак и не би ми стоело тесно во стело ...
@delevingne Можеш A-линија сукњички да пробаш, притоа да бидат со висок струк, при што на тој начин ќе ти ја истакнат половината како потенка, а надоле стомакот ќе ти се прикрие со останатиот материјал. A нагоре, зависи од фигурата, каков да биде горниот дел, постегнат или исто поопуштен. Или таков тип на фустанче. Запомни, мора многу да пробаш за да видиш што ти прилега. Спојлер: Предлози/Инспирација