Не ми се допаѓа комбинацијата на вакво ланче со кошула, но ако толку сакаш, нека биде откопчана кошулата.
@x.Daisy.x Па може и така и така. Ако ја закопчиш кошулата и над неа ланчето е по прибрано. А може и да ја одкопчиш и ланчето под неа да ѕирка ми е некако по секси. Јас би одела со втората опција.
Мене многу официјално ми е така закопчана кошула, и ко угушена се осеќам. И јас некако повеќе сум за втората опција, ама отворив на гугл да разгледам некои слики и гледам сите со закопчани кошули па малце се замислив. Инаку за табло го размислувам ова, па ме кочи и тоа да не случајно биде „многу“ ланчето во сликата, па да ми изгледа натрупано?
Мене многу ми се допаѓа со ланче. И нека ти биде откопчано најгорното копче. Немаш гајле што е за табло.
Се согласувам со @kjukli . Нема врска што е за на табло, остави го последното или последните две откопчани.
@x.Daisy.x Според мене подобро да ставиш некое по нежничко мало ланче и кошулата откопчана ама ако си решена за големото ланче тогаш и ја сум за 2та опција со откопчана кошула
@x.Daisy.x ќе биде премногу ако носиш и ланче и обетки. Оди со втора варијанта, првата некако "загушено" делува И гледај некое дискретно, нежно ланче, но сепак да се познава
Па уште се мислам помеѓу мало и големо, ќе ги пробам двете и ќе видам кое ќе ми изгледа поубаво. Нема да носам обетки, т.е. ќе носам оние стандард мали златни, ама косата ќе ми го покрие како и да е.
Имам вакво блузиче бело (многу слично како овие на сликите) и немам никаква идеа со какво ланче да го искомбинирам. Ми треба комбинација и полежерна и поофицијална (само без циркони и слично). Идеи?
Секое парче облека не значи дека мора да се комбинира со накит. Блузата е сама по себе доволно богата и нема можност за експериментирање со модни додатоци. Ако ставиш нешто, ќе изгледа непотребно.
Подобро искомбинирај со ситен и дискретен накит, но впечатлив кармин, убава ташна или чевли во боја... Не знам колку години имаш, но јас би искомбинирала со вино црвена или смарагд зелена марама ( не врзана туку само елегантно префрлена.
Не знаев во која тема да пишам,па се надевам дека некој овде ќе ми одговори. Имам класичен црн фустан што ја следи линијата на телото,значи не е премногу тесен. Назад има како кружен отвор кај грбот,горе кај рамената се закопчува,а напред е затворен и има кратки ракави. Прашањето ми е дали на ваков модел на фустан би одговарало тенко бордо каивче за да разбијам монотонија или сепак не?
Mozes da stavis kais, no toa zavisi od fustanot dali trpi kais ili ne. Probaj I ke vidis pred ogledalo.
Стави слика од фустанот Ан. Иако вака како што опишуваш мислам дека не би стоело. Има такви за протнување каиш?
Нема такви за каиш,се си мислам дека не би стоело сепак. Изгледа најдобро ќе биде да комбинирам со бордо штикли и мала плик чанта за да не е се' во црно.
Според твоето објаснување, не ми оди. Пробај, може е ок. Инаку со бордо штикли и чанта немаш утка. Можеш и некое ланче, понежно. Инаку имав и јас прашање, ќе заборавев. Зелена кошула, потемна секако, оди со светло розе панталони? Нормално се останато ќе биде црно. Ми делува ок, ама би сакала уште некое мислење.