Па зависит од нијансите.. Пример ако зелената оди кон маслинеста мислам дека ок би била комбинацијата. Само може премногу шарено да дојде, пример можеш кошулата со светли фармерки да ја искомбинираш ако сакаш кошулата да ја носиш .
Прaшaњевп не е зa oвде..aмa дa си прaшaм Дaли е срaмoтa дa се нoси сезoнaвa нa излегувaње белo фустaнче?
Јас мислам дека не е, бела е една од боите што никогаш не излегува од мода, искрено подобро бело фустанче би носела отколку црно. Така да воопшто не се мисли, со црни хулахопки, некое убаво ланче супер би изгледало.
Сестра ми има исти таков фустан како што опиша Ан Со каиш мислам дека нема да одговара баш ради отворот што е позади на грбот. Како што кажа со штикли и плик во иста боја убаво ќе одговара дали ќе е бордо,крем или некоја друга нијанса убаво ќе стои. Исто така можеш да го носиш и со црни штикли и некој ѓердан поголем кој што ќе разбие монотонија и преубаво ќе изгледа
Што да носам надоле т.е мислам какви панталони/фармерки со тексас кошула одозгора со кроп-топ бело џемперче. Дали ќе одговара тексас фармерки или како?
фустан од они плетените како џемпет долг освен на чизма со што друго на нозете? би одговарал ли со шпиц чевла?
Мене таквите џемпери, без разлика дали се тенок или дебел плет воопшто не ми одговараат со салонка. Одговараат со сите модели на поелегантни чизми- до глужд, под колена, над колена, рамни или на штикла. Е сега при толку голем избор на чизми, зошто мора баш со салонка? Сум видела блогерки кои комбинираат вакви џемпери со салонки и иако изгледа интересно, скроз е непрактично, а кога ќе размислиш подобро и нелогично. Таков џемпер не би носела во кафана или ресторан, а преку зима само за таму ми има логика да облечам салонки.
Дали би одговарало црно фустанче со црвени штикли (светкави) и исто такво плико со црвен кармин и обетки? Највеќе ми е тоа што штиклите се цели со светки и пликото е исто,а фустанчето е црно тесно и планирам да го носам со болеро кое што е црно исто како со светки ..што мислите :/ ?
Исто така заборавив да кажам дека комбинацијава ја спремам за веридба која ќе се прави во кафана,несакам да бидам премногу светкава и премногу свечена..Или пак сакам да носам црни чизми до колено без штикла,но мајка ми ме убедува да носам штикли а баш и немам некој избор..
Се' е ок само болерото не ни го носела.. Со тоа премногу ќе дојде светкаво а и општо не ми се допаѓаат болероа одамна модата им е помината.
пикната во фармерки, панталони, суќна како на сликата, со се би се комбинирала, некое сако во тегет или црна боја би одговарало со таа комбинација
Ајде феминки ми треба мала помош од вас имам зелени панталони потемно зелени,ама не е војничка зелена со крем штикли и ташна крем боја,а горе каква блузичка или кошула да облечам и каков накит ? Ви Благодарам
Спојлер: Комбинација Дали комбинацијата е ок? Пошто во моментов немам црни штикли, овие ги имам и плус ваква боја пликче?
@Adi888 Иако не знам каква е конкретно комбинацијата, сукња/панталони, како стои итн, чевлите воопшто не ми се допаѓаат. Прво, тие како дизајн воопшто ми се едно не, а второ комбинација ми изгледа прекежуал да биде комбинирана со такви високи чевли.