Мене ми се допаѓа комбинацијата. Не би носела црни штикли, премногу темна ќе бидеш. Само мислам дека маичката е предолга за суќњата.
Црно секако одговара, но мислам идеално би било бордо. Јас имав слична комбинација на фустанот (еве тука можеш да видиш слики http://forum.femina.mk/threads/Матура.206/page-120#post-2757713, нежно златен конец, го комбинирав со вино боја штикли и клач ташничка).
Фустанот што сакам да го искомбинирам со нешто е скрос ист ваков само назад има црна мрежа е сега да ве прашам со што би го искомбинирале дали со лаче некое или пак некои големи обетки и пликче и која боја би ја искомбинирале ? фала однапред
@jl97 Обетки дефинитивно, ако ставиш и ланче ќе има премногу работи (и деколте, и странични исечоци, и мрежа позади), некои понежни долги обетки избери. За боја, ако е црн можеш буквално каква сакаш - златни или сребрени за класичен изглед, или некоја смарагдно зелена за гламурозен изгледа.
Наскоро ме очекува свадба на блидка личност. Дилемата ми е помеѓу двата фустани кои планирам да ги комбинирам со крем салонки како овие на Лонгорија. И да ве молам поштедете ме од совети дека вакви фустани не се соодветни за свадба. Јас сум си скромен, старомоден тип кој не преферира фустани со опашки, шљокици, циркони и сл. Глупости.
Се мислам да ги купам од Шевињон, па со што би ги искомбинирал, освен со светли фармерки и светли маици/блузи?
@Sfera А зошто не би биле соодветни за свадба? Инаку, јас би ти рекла жолтиот, бидејќи некако со бојата и чистата линија ми е далеку полегантен од бежот, кој пак ми е повеќе за некој пообичен културен настан, за преку ден, што дури може и со фармерско палтенце да се комбинира. @Marick14 Немој те молам Вери мач демоде!
Црно дефинитивно, или види некои убави златни сандали и плико ако најдеш, ама голем ризик е. Ај ако можеш сликни го фустанот, многу ме интересира каква е комбинацијата, ич не можам да ја замислам. Сфера, и јас гласам за жолтиот.
Е не е демоде. Оди види во живо во Шевињон во Сити Мол и ќе видиш дека се добри. Друго е вака на интернет а друго е во живо кога ќе ги видиш.
@Sfera И јас сум за жолтиот, а и една од поомилените бои ми е во сезона на сонце, некако убаво истакнува.
@Sfera дефинитивно жолтиот, јас сум заљубена во него, иако е едноставен, многу стилски делува не се мисли
Па, веројатно затоа што многумина би ме коментрирале дека фустанов не ми е соодветен со улогата - золва, ама што да правам кога не преферирам шљокици, сатени, циркони... Девојки ви благодарам на сите и јас сум за жолтиот и веројатно ќе го искомбинирам исто како и Лонгорија. И да штом имам од @Summerlover воопшто не му ја мислам
@Sfera и двата фустани се ептен добри, ама баш чуден избор си направила. Жолтиот е баш впечатлив иако има едноставен крој и е еднобоен, додека овој другиот е баш романтичен. Мој совет е да го избереш оној што подобро ти стои на фигурата. И да, жолтиот би го искомбинирала со некои впечатливи чевли, како оние цветните од Nine West, сигурна сум дека има и поевтини опции. @Marick14 едно огромно НЕ за неуспешниот обид на чевли / патики што-и-да-се! Ај што се демоде, ни кога биле во мода не ми изгледаат како добра опција.
@Sfera драга искрено мене шљокици за нигде не ми се соодветни, не се мој стил. Може поелегантно да ти стои жолтиот, ама јас за мене (по мене идам оти не знам ти како изгледаш) би го избрала другиот, преферирам таков дезен, а и помалку јаки бои, преферирам во појаки бои да се деталите од облеката (накит, aceсоари итн.). Oва ако треба да се бира, двата се супер и се сосема соодветни и пристојни. Убаво да си поминеш.