@Marick14 Дали сега искрено ме убедуваш и мене и моето око дека ова не е демоде? Знаеш дека тоа што се сместени во Сити Мол или пак да беа и Гучи, апсолутно не значи ништо. И тоа се малку повеќе од демоде
Си го купив фустанов за свадба на братот на дечко ми, голем ми е во градите па ако има некоја која се разбира дали би можел да се стесни некако? И дали мислите дека е соодветен или е премногу разголен?
Епа зш го купи ? Замени го, или скрати го барем, како ќе го носиш така ? Инаку бојата е преубава, какви бои има други ?
Јас од интернет го купив, не го вратив зашто на должина ми е точен а во половината и градите ми е широк. Инаку има црн, тегет, темно розев, светло розев, жолт, тиркизен и портокалов.
Овој модел само малце по долг е до колена, со крем или црни штикли(такви со ремче што се) би одговарале повеќе и предлог накит
@anonymousgirl03 Попролетно е со крем штикли, а од накит обетки и прстен. За црни, убаво би личеле сандалки на штикла, црни. A ако мислиш за затворени со горе ременче, не.
За кои и да се одлучиш нема да згрешиш зашто и двата пара се неутрални бои, накит минимализам баш како на сликата без ланче само нежни обетки
@anonymousgirl03 Јас сум за крем штикли со некој нежен накит (обетки, прстен). Покрај сета оваа нежност , убаво би стоело да ги нагласиш очите со потемна сенка.
Со што? панталони се маслинеста боја. Единствено што ми паѓа на памет е бела маичка и тексес елеченце?
Јас имам сличен фустан баш во горниот дел и мене исто ми беше голем и без проблем ми го стеснија на шнајдер. Се надевам ќе ти испадни баш како што сакаш.
Напиши на google: olive green shorts outfit и ќе видиш идеи во однос на твојот стил и гардеробата што ја имаш. Еве неколку комбинации што лично ми се допаѓаат:
Со блуза на риги, со жолта (мислам на сенф жолта), нежен цветен принт, нежно розева... реално многу бои и дезени можеш на ова, не се ограничувај на бела
Здраво феминки Си купив за апсолвентска ваков фустан па би сакала ваше мислење за накит, штикли и чанта ?
@srce-9 Фустанот е прекрасен и елегантен Штикли одбери си поудобни пошто и онака долг е нема да се гледаат Накит минималистички, би ставила само нежни обетки со циркон зошто гледам фустанот е со детали во спротивно да не биде ту мач Плико чанта, црна, крем, бела...