@srce-9 Јас би го комбинирала со црни шпиц штикли или тие сандалките со едно ремче што се. Обетки во сребрена боја и таква чантичка, од оние малите што се како со прстени на нив, не знам како да ти објаснам. Сигурно ме разбра.
Zdravo zenski, se nadevam ja pogodiv temata kade da prasam. Koe od ovie dve blizicki vi se dopaga poveke, koe e polesno za kombiniranje?
@Youknow Плавото е дефинитивно полесно за комбинирање. И со црни панталони , фармерки, сиви, крем... Ама тоа другото е поштоснo. Сега ти си знаеш во кое се гледаш.
Девојки шијам долг фустан во кралско сина боја, со голем шлиц, ама сеуште немам одбрано каква боја штикли и плико да носам :/ Ве молам за помош.. Фала ви многу
Вообичаена варијанта би ти била со црни штикли и црно плико. Јас лично би ставила крем штикла и крем плико. Еве некој предлози мене што ми се допаѓаат. Ако сакаш црни,вакво нешто најмногу ми одговара
И двата ми се допаѓаат и не можам да се одлучам кој да го нарачам Спојлер: 1. Спојлер: 2. Спојлер: Планирам да комбинирам со овие чевли и ташничка
@Sfera Се поединечно е убаво, но чевлите не одговараат ни на еден. Но, кога веќе се бира, јас сум за вториот. По тоналитет, повеќе одговара со чевлите, а и неговиот затворен дизајн горе повеќе соодветствува на нивната затовреноста.
@Sfera Двата се убави Зависи каков облик на тело имаш Ако имаш гради, првиот ќе стои подобро Ако немаш гради, вториот порачај си го ќе си облечиш прслук со потполнки Одбери го фустанот што ќе ти ги прикрие недостатоците
На свадба сум наскоро и сакам да носам фустан до колена, тесен ама не сакам да биде скроз обичен, па се мислам дали да има шлиц од страна или да има деколте? Повеќето ме знаете како изгледам, нит гради имам, нит убава нога па би сакала да чујам мислење. Во прилог неколку фотографии: Спојлер: слики Ќе носам крем салонки, па се мислам помеѓу корална, окер и смарагдно зелена.
@marama Мислам дека најдобро ќе ти стои првиот тип на фустан, без деколте, а шлиц од страна, притоа должината може да биде пократка од тој на сликата, бидејќи ти си ниска, да не те визуелно намали уште толку. Во однос на бојата, корална никако. Окер зависи кој тон, а смарагдната би била океј. Мислам дека окер или виолетова убаво би ти стоеле. А може и бордо.
@marama јас сум за третиот фустан, односно за некоја варијанта на третиот фустан, со можеби не толку големо деколте, сепак зависи како ти си преферираш. Во однос на бојата јас сум или за корална или смарагдно зелена, мислам дека и двете одговараат со крем салонки, за разлика од окер која мене некако не ми иде со крем.
Гласам за деколтето 2 и 3.. не шлиц. Можеш и нешто ко некој цвет во стилот на Кари Бредшо..памтиш оној фустанот со огромен цвет ама, само ако фино ти стои на тебе.
@marama Јас сум за третиот фустан,можеби не толкаво деколте,смарагдно зелена боја.На твојата градба мислам дека и првиот би ти бил совршен.Ама како и да избереш,ти препорачувам должината да ти е над колената,бидејќи како што рече Самер, фустани до глужд или под колената визуелно многу кратат од висината.
Јас сум за фустан со деколте, но размисли прво дали ќе се чувствуваш сигурно и самоуверено во него. И внимавај на материјалот за да не ти се проѕира бидејќи ќе бидеш без градник. Инаку би ти дала една идеја ако се одлучиш за деколте. Купи дуплекс трака ( тоа е нели, како салотеип, но лепи од двете страни) и едната страна да ти биде залепена на фустанот ( по должината на деколтето од внатрешна страна), а другата за телото. Така ќе го чувствуваш фустанот посигурно само не нанесувај лосион за тело во тој дел поздрав
@marama, мене деколтето 3 ми е too much. Не изгледа атрактивно воопшто. На девојка со гради не стои убаво, на девојка без гради (ко таа на сликата) се гледаат само ребра, и во никој случај не ми се допаѓа. Деколтето од втората слика е поприфатливо. Првиот фустан ми се допаѓа, ама бидејќи шлицот е висок мора да внимаваш да не стои лошо на колкот, да не се "истура" од фустанот.
@Youknow Плавото полесно се комбинира, иако јас би ги купила и двете. Од каде и цена? Крем, сребрено, нежно розе, црно. Јас би одбрала сребрени најверојатно. Марамке, јас сум за корална боја, убаво ти стојат јаки бои, а фустанот со шлиц. Многу ми е поелегантно и посекси отколку деколте, а и не ми се допаѓаат предлозиве.
Деколтето секако не би било толку длабоко и широко, фустаниве се ради пример деколте и шлиц. Размислував и за шлиц на средина ама не сум сигурна колку пријатно ќе ми биде. Осеќам на крај ќе биде најобичен фустан без ништо, па и црвен