Може да направиш комбинација со кремови чевли или сандали во зависност од моделот на фустанот со што изгледа подобро.
Марамке јас сум за првиот фустан.Шлицот многу убаво ќе ти ги истакне облините.Вторите два некако не ми се прустојни за на свадба, за во клуб да, ама за свадба никако. Јас ЗА да го носиш првиот фустан оригинал како што е претставен на сликата.Црно, класика.Само должината до колена да е, да не те крати оти си нискичка. @Bozica1980 виолетов фустан можеш да искомбинираш и со крем и златни детали.
Шорц темен тексас, долга маичка со наметка и отворени сандалчиња. Без хулахопка секако. Што мислите, може веќе вака според вас, отворена е сезоната или да сменам, за вечер ми е?
Искрено јас не би носела шорц со долга маичка и плус наметка, ама ако така си се носиш ок. Инаку веќе е скоро јуни, претопло е, така што слободно. Сандали веќе на велико се носат.
Ама не таква долга, мислев да не e со гол стомак, колку да ми го покрие наметката за до таму, или не знам, може ќе нема потреба.. ај предлог, а?
Обична маичка де, таманка е така. Земи си за секој случај наметка или слично што ти одговара на комбинацијата, да не задува.
Може зошто да не повеќе сакам такви нежни комбинации, но ако ти е за по свечена пригода слободно или стави слика од фустанот и накитот да ги видиме
Ја би нешто по бујно и по светкаво зошто фустанот е доста едноставен. избери ланче да ти оди со чевлите или ташната. Еве неколку примери-
Со што можам да искомбинирам фармерска сукна и обична црна сукна? Дајте ми некој предлог...а и дали може да се носи нешто што го покрива стомакот...мислам да се носи над сукната бидејќи ми се познава стомачето? И на каква боја рамбовка можам да носам бело фармерско болеро? Ви благодарам однапред
Фармерска сукња можеш да искомбинираш со едноставна бела блуза, со кратки ракави, или црна пак, али белава некако подобро би стоела. Или пак летно џемперче, со кратки ракави, во повторно бела боја. А црна суќња можеш со класична кошула, со кратки ракави, во било која боја.