Со тенко каифче, сандали/штикли и чанта во кафена боја преферирам јас, а може и со црно да се комбинира. Не знам каква точно боја на тексас ти е, ама и од првата слика мислам дека одговараат тие парчиња за секаков вид и боја на тексас... иначе само две ставив оти искрено повеќе утки на google images ми излегоа отколку убави комбинации
Зависи каква нијанса. Ако е бебешко розево со крем,бели,било каква пастелна боја фармерки и обична кошула. Ако е дречливо исто можеш бели/црни фармерки и некоја лелеава маица. Еве ти нешто:
Не знаев каде да прашам....па ајде тука...Рано ли е...глупо ли е ...да се носи на ова камен ладново навечер зимско капче?И не ми е толку за ладното колку што сакам да носам капчиња Бидете нежни...
@lovelife Ако тебе не ти е неудобно и незгодно носи си. Какво е времево смрзнувачка, мислам ракавици ќе си ставам вечер. @MacaLove И за тебе истово важи. Ладно е побогу, нема сигурно во сандали да одиме. Јас еден куп девојчиња видов вчера носеа и чизми до колена.
Дали многу глупо ќе изгледа ако на свадба носам црвен плетен фустан со кремови отворени сандалки ? Штиклите не ми се допѓаат баш што го имам а сандалките баш на мерак ми се. Eве ваков е фустанот.
Девојки помош! Ми треба совет. Во сабота сум на веридба. Ова е комбинацијата од аутфит Спојлер: ..... Со тоа што кошулката иде внатре и ќе сменам каивче во суптилно црно со малку златно. Што да праам за на нозе?! Секако ништо нема да се глеа, панталоните се широки ама сепак... како вие би комбинирале?! Дали е премногу за ова време ако носам екстремно удобни чизми или екстремно неудобни штикли или нешто трето... Спојлер: !!!!! или
Meне чизмите воопшто не ми одат со оваа комбинација. А комбинацијата ти е прекрасна, а исто така и штиклите. Со нив носи ја .
@Yowannty комбинацијата е одлична и ептен одговара на приликата. Инаку веридба е тоа, секако ќе може да седнеш и да одмориш, па најдобра опција е да ги носиш штиклите. Иако на такви панталони ни чизмите нема да се гледаат, ама сепак - којзнае...
@Yowannty И јас се согласувам со девојките погоре дека поубаво ќе биде со штиклите, ама ако воопшто не се приметуваат чизмите облечи ги.
Девојки, какви штикли би одговарале најмногу на тесен бордо фустан, долг до колена? Пригодата е свадба. Се мислам меѓу црни и кремови Или па некој ваш предлог...
Јас би за крем штикли со крем плик. Можеш и со црни ама повеке ке се затвориш во боите. Осветли ја бордата боја.
Според мене црни на шпиц(салонки), или пак можеш од оние што се на шпиц исто ама со врвци нагоре малку, исто црни..