Не знам точно каква е марамата ама доколку сакаш да ја искоминираш со овие парчиња тогаш оди на варијанта со еднобојна блуза. Без марамата парчињава можеш да ги искоминираш со секоја боја на блуза, ама јас лично би одела на некои светли бои (пастелни).
Како што го читав описот,одма бела боја ми падна на памет. Дефинитивно! (Макар што,може и светло сива,ама да го избегнеш сивилото,белата е подобра варијанта)
@macka91 @femina90 @P.S.love Девојки, фала ви на сите, не очекував толку да ми одговорите! Искрено, на крај памет не ми падна бела/сива блуза, не ни имам обична бела, повеќето ми се црни или други бои со некоја апликација на нив. Баш супер би изгледало така.
Mantilceto mi e poklon i go imam noseno mnogu malku,toa vezot na ramenjata stalno mi bode oci..sto mislite,mozam li da go iskombiniram sea proletta so nesto,matrejalot mu e onakov kako suskavec?neli e malku demode?
Стави марама под јаките,баш каде што е везот,онака да си паѓа надолу...зависи со какви бои ќе го носиш.Инаку,можеш со фармерки,панталони или ако носиш сукњи....патики,еспадрили,штикли...има комбинации,неутрална е бојата. А,за материјалот дека велиш шушкавец, вака не се забележува на сликата баш....
@bella.s Јас мислам колку повеќе не му обраќаш внимание на везот, толку тој по нема да се истакне. Ако цело време го мислиш, на крај ќе го искомбинираш лошо и ептен ќе дојде до израз Мантилчето е убаво, класично, а и везот не боде очи толку, бидејќи е иста боја и помал на големина. Што значи, на твоето прашање како да го комбинираш, гледај што поедноставно, фармерки, блуски, сукњи, нешто светло и пролетно за сезоната. Спојлер: Инспирација :)
@marama Макси фустанот на риги. Би рекла црвениот, бидејќи тонот му е прекрасен и дизајното едноставен, а елегантен, ама некако не ти стои на градбата на телото.
@marama За свеченост, во право е Џејми, тој на риги е океј за вечер, ама вечер на коктел, на излегување, со црни или металик сребрени сандали ќе биде супер, но за свадба сепак не е најдобра опција. А инаку не го ни замислувам на салонка Ете јас би рекла, поточно би прашала, освен ова, што друго имаш како предлог на менито? А и како за пролет, нешто посветло, понежно
@Summerlover се ми е на црно или еден фустан црвен со голем шлиц летоска го носев на свадба ако ти текнува?
@marama Го видов сега, да се потсетам За промена тогаш носи го тогаш овој со риги, косата може како тогаш со црвениот што си ја носела Да биде отворен нагоре вратот и лицето, а не спуштена, бидејќи ептен ќе се затемни изгледот, а фустанот е доволно темен
Јас се извинувам за пост врз пост, но ми треба помош. Периодов сум на свадба кај блиска фамилија, па сакам да носам црн долг фустан. Горниот дел е целосно чипкен со малце отворен грб. Тесен е, од колена надолу почнува да се шири и паѓа надолу, нешто како сирена му иде. Сакам совет дали е океј да го носам на свадба и со што да го комбинирам ? П.с не сакам со бордо. Исто така сакам совет за фризура, благодарам
Отворен грб бара подигната фризура. Можеш да комбинираш со обувки и ташна во металик боја, тоа е пак Ин.
На овој фустан повеќе ќе оди елек или марама? За матура ми е, имам мастилно плави штикли и плико, се мислам на ваков елек или марама и за накит да ми предложете нешто. А и градник каков со оглед на тоа што имам големи гради (оние силиконските дали држат добро) Спојлер