За матурска мислам марама/шал за околу раменици изгледа поелегантно отколку елекот. Во моментов се модерни елециве и мислам брзо ќе излезат од мода, а шал нкогаш не излегува од мода. Накит обавезно, на едноставен фустан избери нешто упадливо.
Здраво девојки, ми треба мала помош како би можела да искомбинирам пепелно розевкаста сукња со мали златни детаљи, основата е лесен тул и има чипка над тулот, слично нешто како на сликава, имам златни сандали кои супер одговараат со сукњата ама не знам што би облекла како горен дел
Одамна ја имам купено оваа кошула и пред некој ден ја најдов во плакарот. Пред да ја купам многу се мислев бидејки е многу шарена. Е сега незнaм со што да ја комбинирам, па дајте некој предлог.
Јас би ја комбинирала со кремасти фармерки или панталони и чевли и ташна во некоја од боите кои ги има на кошулата ( зависи какви имаш). Би било добро ташната и чевлите да се во иста боја, за да не е многу шарено, евентуално едното парче да е некоја од боите од маичката, а другото кремаста нијанса како панталоните.
Може и трета боја, некоја друга нијанса на сино или пак на зелено, виолетова, но јас би бирала некоја загасита боја.
@pamelche јас за матурата носев исто фустанче црно со гол грб назад и чевли мастило. За да не бидам така само, гола, да не ми е ладно носев марама плава со црно, со две страни од едната беше потемна и цветовите беа црни, а другата како посветла со цветови везени ситни плави, а краевите како реси црни. Ја купив тогаш може скапо, ама многу убав материјалот и беше многу дамски, убаво изгледаше. Само за сликање ја ставив и после кога си одев - Да ве прашам јас дали би одговарало зелена боја на фустан со црни чевли?
Би одговарало зошто да не црното на све стои , но повеќе би било убаво со златни чевли (ако е темна боја зелена фустанот).
Итно ми треба помош Значи поканети сме на моминска вечер (Polterabend). Е сега,нема да биде нешто пресвечено,а сепак сакам да сум убаво облечена. Така да сите идеи ми се добродојдени. Инаку во сала некоја ке биде тоа.
Секој различно,ама они некако не се дотеруваат многу многу,па не би сакала јас да се одвојувам од сите,затоа барам некоја поедноставна комбинација.
Чим е ваква (слична) сукњата и штиклите ќе ти бидат златни, гледај горниот дел да е едноставен. Можеш cami маичка во посветла боја (бела, беж/розе, земи си ја сукњата кога ќе бараш горен дел за да видиш која нијанса нема да се “тепа“ со бојата на сукњата). Aко сакаш посмело, можеш со некоја темно зелена/смарагдна зелена/петролеј, ама пак да е скроз едноставна блузата, без апликации и чипки и остало.
Јас па не би сребрени... Не знам бојата ич не ми се допаѓа. Можеш со темно сини, бордо, црвени, црни штикли.