Ладноо ее посебно навечер @poker_face прекрасен е моделот, женствен, безвременски, јас би ги купила црните, најсигурна варијанта, буквално секое парче ќе одговара
Благодарам инаку и двете бои би си ги купила ама не се баш ефтини така што најверојатно ќе те послушам и црните ќе ги земам, а и јас бев повеќе за тие
Да ти кажам искрено ми се допаднаа уште кога прашуваше за тенката или за подебелата потпетица и одлучив и јас да си земам ама не бев сигурна за боја. Дали ги носеше до сега? Задоволна си? Зашто гледам пишува дека се кожени.
Само низ дома околу 10 мин. Се надевам ќе имам прилика за брзо време и подолго да ги испробам, ама бидејќи се кожни би требало да се удобни.
На жолт фустан што сандали ќе одат? Сакам некои со ниска дебела штикла бидејќи сум висока и со тенка штикла немам рамнотежа. Препораки.
Ако прашуваш за боја-Црна,бела,нијанси на крем,златна боја...или пак, ако сакаш нешто во боја,можиш и циклама,мастило,црвена(со иста боја чанта).
Според мене, најнеутрални би биле целосно бели или беж нијанси на штикли/сандали (па дури и кафени), нешто слично на овие: Ако си за расположена за контраст, најчесто се комбинираат со сини или смарагдно зелени бои, дури мислам и сите нијанси на овие две бои влегуваат во игра И за нешто позабавно и пошарено, дури можеш да искомбинираш и некој анимал принт, не многу нападен, а и зависи од вкусот.
Не сум по тигресто хаха. Ми се допаѓаат првите и вторите па ќе видам што ќе најдам низ градов. Исто и третите се одлични само не верувам дека има такви со дебела штикла. Фала ви. А од фризура што би?
Ваков само без тоа позади и горе кај рамениците има ципка,а тоа напред слободно паѓа до под гради. Мојот не сум го земала уште, се мислам меѓу него и уште еден.
Најарно сликни ги па добро ќе ти дојдат предлози, ако има чипка на рамото убаво би било косата да е собрана, да не го покриеш деталот-чипката
Феминки ми треба мала помош...Што мислите за оваа "nude" комбинација? И каков лак за нокти да си ставам?
Благодарам И мене ептен ми се допадна,ама си викам да слушнам повеќе мислења. Инаку боите поубаво се гледаат на сликата каде што сум облечена,на другава лошо е светлото
Zdravoo za nepoln mesec ke pravam polumatura navistina neznam kako da se oblecam, dali nekoj ima idea kako bi mozela da se oblecam za svojata vozrast?
Каков накит , фризура,ташничка одговара на фустанчево ? Спојлер Спојлер Јас би само обетчиња и алка Спојлер Алкава ми е малку голема Имам слаба рака скоро се ми е големо.
Може да искомбинираш со метални штикли како што се носат сега и таква чантичка, а можеш и со крем. Алката и обетчињата се тамам, баш се слатки, а фризурата јас би во ниска, лабава пунџичка зошто како што можам да видам затворен е горе фустанот .