Девојки ми треба помош на матура сум кај другарче и си ја купив суќничава ама незнам со што да искомбинирам. Имам кремасти штикли со ресички па ако сакате помош
Ако ги носиш кремастите штикли мое мислење е дека најдобро е да го носиш синото боди од првата слика. Многу ми се допаѓа моделот, а и бојата е поуникатна, не е досадна. Moже и розевото, и тоа ќе одговара.
Јас мислам кремастото боди најдобро би одговарало.. Плус матурска па би било по елегантно сепак.. Топот не ми е баш за таков настан
Ај да ве прашам за мислење. Во јуни сум на свадба во хотел Континентал во Летната градина. Е сега бидејќи е во летната градина дали ќе можам да носам кондури со тенка штикла, да не ми пропаѓа во земјата, па да ми се уништат штиклите?
Јас имам прашање. Фустанот за матура ми налага да носам строго танга. Купив мидер со танга, прв пат ќе носам мидер и дали под него са облечам друга танга.
Девојки ајде мала помош. Дали би носеле ваков модел на кошула?? Ја имам од поодамна и многу се двоумам дали да ја облечам некогаш, највеќе заради ракавите. На сликата не знам колку е убаво доловена, така широчка е малку , има ѕвонести ракави (три/четврт) со шлиц од едната страна, и од позади е малку подолга во однос на предниот дел.
Јас би ја носела со тесна црна фармерка или може и тексас. Сега пак се во мода ракави што се шират, така да воопшто немој да се двоумиш. Кошулата е преслатка
@Upintheskylol Би ја носела и на фармерки, и на сукња и на панталони. На ѕвонести фармерки, нешто boho chic, може со марама на глава или шешир како додаток На сукња, пр. на сив мек твид, a на панталони, на црни до зглоб, струкирани со балетанки на мала штикличка
Zdravo feminki So sto bi odgovaralo fustanceto belo so crveni cvetovi? sto boja na shtikla bi mozelo?
Со што да јс искомбинирам сукнава? Сакам да ја носам на апсолвентска, ама не знам со што да ја искомбинирам за да изгледа убаво. Помош?
Здраво Феминки! Сакав да ве прашам дали ќе одговара да искомбинирам црна сатенска сукња како оваа... Со црно чипкано боди како ова... Мене лично многу ми се допаѓа оваа комбинација, особено бидејќи ја сакам црната боја, но страв ми е да не изгледа премногу темно? Плус не сум сигурна какви штикли и каков накит одговараат со ова? Што мислите вие?
Премногу темно нема да изгледа, особено ако искобинираш со некои впечатливи штикли, пример црвени, сребрени ама и крем нема да изгледаат лошо. Е сега, јас не би носела вакво боди. Прво нагоре е како полу-ролка а крај на мај е и нема потреба така да се "затвориш". Најдобра опција ти е едноставна маичка или кошулка.
Ти благодарам! Па се мислев дали да облечам крем штикли со ова, би изгледало убаво. Сукњата со ова боди би го облекла на пример во рана пролет или во есен. А каков накит би одговарало со ова?