Од накит само обетки ама мали, оние како топчиња што се. Има чипка, па јас не би носела ништо друго, часовник и ланче би биле премногу, ама може некој прстен, не многу впечатлив. Нема на што.
Ти благодарам. Баш сега се мислев дали би одговарале мали бисерни обетки Во право си, чипката е сосема доволна
Можеш црни, ама според мене подобро во некоја јака боја (мастило плава, црвена, жолта), за да те отвори.
Здравоо вака да Ве прашам... имам слично фустанче како на женскава на сликава искинато ... сакам да го искомбинирам со чокер како кристален што е од подебелите и сандалки бели на стаклена дебела штикла... дали би одговарало ? мислам дека и со патики и на штикла во некој стил по мое би можело да се искомбинира..сепак сакам да слушнам мислење
со краток бел,црн топ или каква друга боја зависи какви чевли планираш да носисш..бидејќи е бело имаш слобода во изборот
Ваква боја и сличен модел на ФУСТАН до над коленици, со какви обувки и додатоци би го искомбинирале? Извинете што сликата не е соодветна.
На свадба сум месецов и си го купив фустанов, се заљубив одма кога го видов. Ама сега на тешки маки сум за комбинација на чевли, не знам што да носам. Мислев сребрени сандали ама се преомислив нема да личат. Златни металик може ќе одговараат ама после на што би ги носела не знам...ајде некоја идеја и за накит исто. Прв пат некое парче облека не знам како да го комбинирам.
Што велиш за ваков тип на чевли? Мислам дека би можеле да одговараат со фустанот. Освен тоа, се супер комбинација и со други парчиња облека...
Кога го видов фустанот, прво помислив на маслинести сандали. Само ме знам колку ќе успееш да најдеш. Или... Некоја ваква златна.
Вакви најдов и помислив и јас на истиве, ама после нема да ги износам џабе ќе лупнам пари. Немам ниту накит за комбинирање...Сепак фала.