Ех не мешај драга, има фустани кои општо не одговараат на салонка. Овие црниве јас мислам дека тотално одговараат, а и јас сакав да ти го дадам истиот предлог само со потанка штикла. И маслинестите се истиот тип само нз дали ќе можеш да ги најдеш.
Секако со црни сандали нема да го комбинирам оти имам црни сандали пробав и не личи и со нив. Не знам повеќе е вајда ради материјалот, а не ради бојата. Сепак веројатно ќе одам со оние златните, за накит ќе се снајдам.
@1209 Јас гласам за крем сандали и чанте штом не сакаш златни. Убаво ќе стојат со фустанов, а и после цело лето ќе си ги изнаносиш. Инаку фустанот е прекрасен
@1209 Секако доколку одлучиш да носиш крем или златни чевли, можеш да носиш и вакви убави обетки ако сакаш, или слични на нив... P.S.- заборавив да ти кажам дека навистина ми се допаѓа фустанот
Јас сега бев на свадба со црвен фустан и исто се мислев за чевлите. На крај купив крем и предобра комбинација испадна црвено и кремасто. За накит на тоа одбери златен, обетки поголеми можеш и само алка на рака. Нема потреба од ланче за да дојде фустанот до израз. Или место обетки ланче но некое мало. За ташна крем како кондурите или златна(не жута што свети, туку убава златна) Инаку ми се допаѓа фустанот, супер ќе бидеш
@1209 Нуми, крем или златни! За накит, златна алка или долги пуштени обетки (или во форма на круг што се, или само права линија надолу ако носиш крем чевли), на твојот сексапил, ќе биде во стил на антички гламур
Баш и јас на тоа помислив @Summerlover ! Во стил на Антички Рим или Античка Грција Совршен изглед за пролет/лето...
@Avery А за додатоци можеш да ставиш сличен шешир како што девојката носи на сликата, и за накит нешто понежно во овој стил, доколку ти се допаѓа...
@1209 првите црни се одлични, ама ете можеш и крем. + Briar Rose ти има дадено одлична идеа со обетките. Некои малку подолги, едноставни, но богати.
Фустанот и бојата се фантазија јас би одела со нешто поразиграно и откачено со шарена сандала како оваа https://www.migato.com/gynaikeia/papoutsia/psilotakouna-pedila/kamilo-psilotakouno-pedilo_66374/
@1209 познавајќи ти го стилот до негде, златни штикли дефинитивно не Инаку фустанчето ти е преубаво. Е сега покрај крем варијанта, од мене предлог имаш за сиви. Само не знам колку имаш време за шетање, ама кај рампа кисела вода увек има доста избор секако и низ продавниците кај бит пазар.
@1209 јас би комбинирала со овие или веќе ако не е исклучена можноста за златни овие Елегантни и едноставни. Мал дискретен накит совршено ќе се надополни во комбинацијата.
Црна сукња,ликра од оние ,,пен скирт,, На едната нога од страната има 7 ,,дупки,, -таков е моделот со што би одела? Слична н а оваа ? Podolga! Со што и каков материјал да ја комбинирам?
На мене на ќерамида боја никако не ми оди златно, не дека не одговара ама некако лична преференца. Мој предлог ти е да пробаш со бронзени сандали: ...Или штикли секако, што повеќе ти одговара.И таков накит, можеш наместо обетки да ставиш една поголема нараквица. Ако не си во можност да најдеш бронзени штикли (или ако сметаш дека нема да можеш да ги вметнеш во стилот секако ти си се познаваш најдобро ) пробај со салонки или сандали уште поубаво змиски дезен и таква ташна.И бронзен накит и ќе бидеш на газ да паднат кога ќе те видат. Мислам оти имаш поцрномањест тен и многу убаво ќе ти стои.
Каква боја на чевли или сандали би одговарале на фустан со сребрена основа, со златна и црна шара? Дали е "премногу" да го комбинирам со златни или сребтени? Ова е комбинацијата на боите.