@lovely97 Јас мислам дека чевли во крем боја би одговарале... Или сребрени... Или бели... Или кафеави... Изборот е твој
По сликава сфатив дека повеќе е застапена златната боја во шарата отколку црната. Ако е вака случајот, би било добро да комбинираш со црни чевли. Но мислам дека не би било премногу и со златни. Сепак не можам точно да го визуализирам фустанот, а некои чевли не одговараат со одреден крој на фустан. Би можела повеќе да ти помогнам доколку ми го опишеш фустанот, односно дали е долг, краток, со или без ракави... итн.
Јас би одела на било која друга боја освен црна. Сепак црно и тегет ретко во комбинација изгледаат добро.
Здраво Феминки! Сакав да ве замолам да ми помогнете во врска со еден моден совет. Имено, треба да присутсвувам на крштевка (блиски роднини) меѓутоа не знам точно што да облечам. Сепак, јасно ми е дека не треба да се носи свечена облека како да се оди на свадба. Дали може да ми кажете што треба, а што не треба да се облече за на крштевка. Инаку, се двоумам дали би било пристојно да го облечам овој горен дел кој го имам... Со сукња која има повисок струк? На пример...
Тој топ јас би го носела со еднобојна сукња, pencil skirt, можеш да облечеш буквално каква боја сакаш. Овие што си ги ставила се премногу шарени, јас би носела еднобојна.
Се согласувам со коментарот над мене дека овој топ би изгледал подобро со еднобојна сукња, а не вакви како од сликиве, но и сакам да ти дополнам дека можеби сепак би било подобро да искомбинираш нешто друго, некоја кошулка со сукња/панталони, или некое пристојно фустанче, бидејќи за крштевка подразбирам дека ќе одиш и во црква, а овој топ за во црква некако воопшто не ми оди. Ова е мое мислење, па ти како сакаш. А ако воопшто не одиш во црква туку само некаде на прослава, тогаш топчето е многу убаво и можеш да го носиш, за така е пристојно.
Ти благодарам за советот. Сметам дека чипката на горниот дел е сосема доволно. Би можела да облечам и сатенска црна сукња со висок струк. Фала ти многу! Инаку мислам дека воопшто нема да одам во црквата туку само на прославата. Сега планирам да го комбинирам овој бел горен дел со црна сатенска сукња. Бидејќи се одлучив да го носам белиот чипкан горен дел со црна сатенска сукња, се прашував дали ќе биде ,, смел ,, чекор да носам розови чевли? Знам дека има многу нијанси на розово... Каква боја инаку преферирате вие? (Освен розова боја)
Може, нема да промашиш. Е да, за во црква можеш да ставиш наметка, марама или сако. Штикли можеш буквално какви сакаш. Розе би биле супер, таман нема да е онаа досадна комбинација на две бои. Розе, жолти, сини, зелени, сиви, па дури и шарени. Можеш и да сликаш се, топ, сукња, ташна и штикли, па ќе ти кажеме дали одат парчињата.
Тоа и ми беше целта! Целата комбинација да не изгледа многу досадна Само незнам дали да одберам pastel pink... Или пак hot pink...
Во право си, можеби би изгледало малку бледо со пастелно розови... Многу ти благодарам за корисните совети !
@1209 Ја со темно плави сандали би го комбинирала фустанов. Спојлер: слика Преубава комбинација на бои ми е
А ова ќе одговара ли или пак класична салонка? Јас сум повеќе за отворено, оти нели лето е а и поубаво ми е за одење во отворени напред кај прстите.
Јас лично мислам дека подеднакво добро одговара и класична салонка и сандали. Доколку се чувствуваш попријатно во сандали, нема да направиш грешка. Што се однесува до сандалата што си ја постирала, јас би облекла нешто поедноставно бидејќи самиот фустан има доволно детали, како чипката на горниот дел... Ова е само мој предлог
Фустанов е од есенската колекција на Зара, еднаш го носев на свадба. Неочекувано добив покана за свадба и се мислам дали е соодветен за оваа сезона. Не можам да си најдам ништо што ми е по вкус оваа сезона, а и немам време да разгледувам.
@Sfera Вај нот? Интересн му е дизајнот, голите раменици и материјалот на долниот дел го прават понежен и може да се носи на некој вечерен настан (како свадба) и оваа сезона. Надолу искомбинирај го со сандали и стави нежен накит Неговата темна боја е доволна, и нема потреба од пренатрупувања Предлог: Металик сребрени сандали, да се отвори малку комбинацијата или Спојлер: Предлози/Инспирација, Зара чевли