Јас ланче не би ставила поради шаренилото а и има добро деколте, па мислам дека нема да одговара ланче. А чевли некоја црна салонка мислам дека ќе одговара.
@Adi888 Пред се, комбинацијата, поконкретно горниот дел едноставно не ти лежи на фигурата, ти истакнува на многу лош начин, па дури ги прави и панталоните да стојат лошо и визуелно, лошо ги истакнува пропорциите. Подобро е, бидејќи панталоните се класични и поелегантни, да ги искомбинираш со некоја лелеава кошулка, која ќе биде вметната во панталоните. Може да биде и наједоставна бела или друга боја која ќе те отвори малку, а за накит може саатот да го задржиш и кратки обетки или долги обетки.
@Summerlover Да свесна сум за тоа али сега сум послаба, утре ќе се пробам да видам како стој Фала сепак
@Adi888 Аха, во ред тогаш, да ја коментирам само комбинацијата од моден аспект Сепак, пак ќе речам, некако не ги доловува убаво панталоните, бидејќи блуската нагоре е преобична и целата комбинација ја прави, обична и да не речам, досадна. Би сакала панталоните повеќе да бидат истакнати, да се долови елеганцијата, па и на лежерн начин, ама да биде поинтересно и уникатно, и да ги отвориш со некоја друга боја. Вака, некако здосадија комбинациите на секој втор, особено со додадените гломазни ланчиња, не да е дежа ву, ву ву Секако, мое мислење само
Ги сакам сите овие чевли, ама 3-4000 ден. за чевли што ќе ги носам 3-4 пати во годината, благодарам не. Веројатно ќе одам со крем салонки и clutch, а размислувам и за црвена варијанта
@Sfera ја сум повеќе за црно-црвено. И крем ќе одговара на црно, ама некако мене по женствено ми е црвената.
Јас ова би го искомбинирала со шпиц штикли и мала правоаголна плик чанта во црна или пак посветло сива боја како таа на горниот дел. На вратот може да ставиш некое помасивно ланче со боја како штиклите и чантата кое нема да биде долго. Еве пример:
Женски со какви сандали\ кондури да го носам фустанчево на 20 год од матура?! Денски ќе е. И каква фризурка ќе одговара. Косата ми е црна до раменици
можеш во секоја од боите кои ги има на точките... Според мене најдобро би била розе или крем, како лентата или цветот...Косата би ја носела пеглана само
мене фустанов со салонки ми оди најмногу, не можам да го замислам со сандали... Со тегет би било монотоно, ама можеш доколку ставиш аксесоари и ташниче во друга боја
@Bubce38 Мислам дека би било убаво да го носиш фустанот со пастелно-розови или со крем салонки. Ова го велам бидејќи навистина ќе ја ,,отвори,, целата комбинација. Спојлер: Shoes @Bubce38 од додатоци би ти предложила да ставиш мали обетки и/или нежна алка... Спојлер: accessories Косата може да ја носиш испеглана, но би било убаво и да е малу навиткана, барем на краевите P.S.- Фустанот е навистина пресладок
Пресладок е фустанот и баш има ретро vibe .. Мислам дека поубаво би одговарало собрана коса како на сликиве, а за штикли салонка
Јас би го носела со штикли во нежна жолта боја како машната и исто такво чантиче. Косата можеш пуштена, исфенирана, немора којзнае каква фризура штом е денска забава.