Јас би одела на сандали ,на полна пета или на штикла, нормална висина нели. А косата ти е преубава фенирана. Штом е денски повод замислувам по лежерно да е. Некои мали обетки и готова си. Убаво да си поминеш. И слика чекаме.
Абе чекав некој друг да ме подржи у идеја за сандали, па некако одма помислив на тебе. А за која боја си?! Посекако ќе купувам специјално . А косата не може вака?!
Може, може. Јас би одела со некоја понеутрална боја нежна розе/крем сандала. Оти коланот е доволно впечатлив, штом е лимон жолто.
Девојки ми треба помош за комбинација на бои. Кои бои би ги ставиле вие во комбинација со оваа? Гардеробата ми е во ова боја погоре, ми треба совет за чевли/чанта. Ја имам комбинирано со крем. Добро излезе, но сега сакам со други бои да пробам. На памет ми паѓаат овие Мислења? Добредојдени се и други предлози
Јас предлагам нежни бои. Светло сина, светло розева, светло зелена. Не знам дали се работи за фустан, за кошула, за панталони во таа жолта боја, но еве некои примери. Примериве се за да видиш како изгледаат во комбинација боите што ги кажав.
Дефинитивно се согласувам посебно со палетата на бои од третата слика, комбинациите на било која боја од таа палета се прекрасни. Склопив една палета со мој предлог со палета од зелени бои со твојоата жолтеникава нијанса. И палета со розеви бои, за кои ти се двоумиш. Би одбрала некоја од боите во зелената палета Можеш со сребрени сандали, или црни (веројатно повеќе ќе си ги износиш со разни др комбинации). За накит би одела само со нараквица или нежен часовник, ланче не би ставила и обетки нешто складно со другото. Ташна - плик, може во склад со сандалите. (се извинувам за double post)
Сликите се преземени од бутик марта е сега имам исти фустанчиња сега не знам дали со салонка или со сандала да ги носам и кој е поубав. За роденденот на синко.
Мене ми се допаѓа повеќе фустанот на втората слика, и тоа можеш и слично да го искомбинираш, со светли салонки во некоја кремаста нијанса и иста боја мало чантиче или пликче.
@TutiFuti Нема да згрешиш што и да облечеш од овие два фустани. Кога зборуваме за облека не е дискутабилно прашањето на вкус и комфор. Сепак дома одблечи и види што поубаво ти стои и кој можеш поосодветно да го искомбинираш. Не е лошо ако сакаш ете да ставиш и твоја слика од фустаните па да видиме. Според мој вкус вака на око јас давам малку повеќе шанса на првиот, синиот. Многу ми се допаѓа кројот и бојата. Но и цветниот е далеку од лош. Да така изборот е твој кога ќе облечеш на себе да видиш што повеќе ти прилега.
Женски ај ве молам за помош.Не можам да се одлучам околу бојата на сандалите,црните ми се секогаш нај лесни за комбинирање ама па обично црно бирам,сакам малку и боја..ако земам зелени или нуд што ташна би одговарало со нив,со каква боја да комбинирам?Еве ги сандалките
@bella.s мене зелените најмногу ми се свиѓаат. Можеш да ги комбинираш со ташна во иста боја, црна, крем, златна. Зависи што ќе носиш.
Здрраво девојки,како сте?Вчера си купив жолто блузиче баш лимон нијанса и се двоумам со каков градник да го комбинирам бел или кремов ?