Феминки ми треба помош, може прашањево не е за тука ама неможев да најдам соодветна тема. Вака сега, овие денови сум на интервју и пробно снимање во Кат медиа во Ск како водителка и незнам што да облечам. Да напоменам не сум од Скопје и барам нешто удобно да биде и воедно да одговара за приликата..
Зависи за каква емисија станува збор. Бидејќи сепак се работи за интервју јас би избрала панталони или фустан во комбинација со тенко сако во светла боја (бело, крем, праска, жолто...) Нешто вака:
Забавно едукативна емисија незнам стварно, ако се одлучам за нешто по лежерно да не оставам впечаток дека не сум заинтересирана за работата, а пак ако се дотерам пат ми е далеку дур стигнам катастрофа..
Hot или Not? (Бев свежо лакирана,па си ја направив линијата пробувајќи ги) Инаку мој број се 38,ама некако кнап ми се..Ако порачам 39 па големи ќе ми бидат
@prettymamma јас би избегнала фармерки, припиени фустани (која било должина), шорцеви и кратки суќњи. Исто така, гледај да не си ниту премногу дотерана, но ниту премногу лежерна. Јас би се облекла нешто вака: @Minnie 1 мали ти се.
Помислив на нешто вакво ама немам вакви панталони, моите се вакви, ги имам носено и на патики и супер личи, исто неможам да одам ни на високо или балетанка или патики нешто..
Прашањево не е баш за темава ама незнаев каде да го поставам.. Имам вакво, сигурно ги знаете, излегуваат по фејзбук и сл. Супер е, само на крајниот дел стои две три минути и потоа се одлепува. Не го имам носено ама страв ми е да не ми се одлепи скроз. Што да правам предлог да не ми се одлепува?
Единствено што ми текна е дуплофан/ дуплекс трака што лепи двострано. И гледај на чиста кожа без млеко за тело на тој дел да го облекуваш градникот за подобро да ти лепи.
Јас би искомбинирала со оние кошулкине што се како полупроѕирни таков материјал, како растресит, не знам како да објаснам. Од овој тип на пример: https://www.montaignemarket.com/EN_23493_Shirts-Erin-Fetherston-white-silk-blouse.html Пикната нели внатре во сукњата, малку подизвадена и растресена, ракавчињата до под лакт кренати, и косата во некоја лабава пунџичка, да висат некои навиткани праменчиња од страните. Или маичка некоја со голи рамена ако имаш бела од овој тип нешто: https://www.wearall.com/lois-off-shoulder-crop-top и светла сандала.
Женски,како да комбинирам црвена ташна со оглед на тоа дека немам ништо црвено од чевли(патики,сандали)а и од облека речиси ништо во таа боја.Освен со бело,црно и крем со кои други бои би одговарала? овде е и со сино,ама и чевлите се црвени..Дајте некој предлог
Феминки ве молам за помош..дали е добро оваа кошула да ја комбинирам со црна маичка и црни пантолони? И дали би било во ред да ја носам отпетлана бидејќи за на концерт ми е а сигурно ќе биде жешко. Или пак да ми предложите некоја друга идеја бидејќи стварно незнам што да облечам Ви благодарам однапред
Mi treba sovet, neznam koi stikli da gi nosam, ili pa nekoj predlog kakva boja da nosam? Fustanceto e belo so teget, e sega beli ne sakam, a teget ne mozam da najdam nekoj ubav model. Prvite se srebreni, a vtorite crni..
Сива, кралско сина, потемно портокалова, ако е темна може и со кафено, зелена. Купи црвени детали(марама, ланче, обетки, масивен прстен, очила). Ако ти е поспортска јас би купила црвени чорапи и би ја носела со патики(секако патиките неутрална боја, најдобро старки).
Доколку навистина сакаш да ја носиш црвената кошула, јас би ти предложила да ја носиш со беж/бели/тексас панталони или подобро шорцеви бидејќи ќе биде времето топло, а и црни панталони/шорцеви не е лошо. Можеш на себе да ја имаш само кошулата и да ја врзеш за краевите или делумно да ти биде вовлечена внатре во панталоните/шорцевите. Ама може и да биде отпетлана и под неа да носиш некоја маичка со интересен принт. Јас иако лично не одам на концерти, би облекла нешто друго како на пример ... Спојлер Ова е само мое мислење, се надевам дека успеав да ти дадам корисни совети P.S.- Се извинувам доколку одговарам на прашањево малку доцна
Мене повеќе ми се допаѓа со сребрените штикли, црните многу ја затвараат комбинацијата. Ако не можеш да си најдеш модел каков што си замислила, одлично е вака со сребрени. Изгледа нежно. Надополни со некоја нежна плик чантичка и нежни обетки. Јас имам носено ваква слична комбинација (имам сукњичка со сличен дезен), само со црвени сандали и црвена клач ташничка. Многу ми се допаѓа како изгледа црвено искомбинирано со тегет и бело. Можеш и вака ако ти се допаѓа црвено како опција.
Јас би се обидела нешто смело да комбинирам со ова фустанче, како на пример црвени штикли кои навистина би ја истакнале комбинацијата на бои ... ... Или пак кремасти чевли бидејќи одговараат со скоро се ... Јас секако не би сакала да звучам наметлива на било каков начин но сметам дека треба со ова фустанче да носиш чевли кои по модел се исти или слични како овие на сликите погоре( едноставни ) бидејќи самото фустанче има доволно принт и детали на него. Се надевам дека успеав на некој начин да ти помогнам ... Одлична комбинација! И мене премногу ми се допаѓаат овие бои ... бела црна беж/кремаста сива тегет кафеава маслинесто зелена каки боја светло розова ...